Апартман АСТЕРИ - Полихроно - Лето 2024
На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.
SIMILAR OFFERS
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА LEMI – Полихроно – атс – ЛЕТО 2024
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА MOUSTAKAS – Полихроно – атс – ЛЕТО 2024
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА РЕАЛ ЛУКС – Полихроно – бсп – ЛЕТО 2024
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА BISERA – Полихроно -ск – ЛЕТО 2024