Vila Alcano - Neos Marmaras - Leto 2023 ATKK
Вилата „Alcano“ се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост од вилата „Sole A Mare“.Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вилата „Alcano“ е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа најпознатиот ресторан за гиро во Неос Мармарас„Alcano“ (имајте предвид дека во овој ресторан се подготвува храна во текот на целиот ден, што подразбира голема френвенција на туристи пред вилата до полноќните часови). Располагаме со двокреветни и трокреветни студија на прв спрат кои имаат директен поглед на море, поглед на улица или во дворот на вилата. Сите сместувачки капацитети се опремени со функционален мебел, кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Студио бр.2 (поглед двор)
Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е мала, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата.
Студио бр.3 (поглед море)
Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е мала, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има директен поглед на море.
Студио бр.4 (поглед море)
Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е мала, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има директен поглед на море.
Студио бр.5 (поглед море)
Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е мала, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има директен поглед на море.
Студио бр.6 (поглед море)
Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е долга и продолжува до самиот агол на вилата, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има директен поглед на море.
Студио бр.7 (поглед улица)
Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е мала, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед на улицата.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
8ми Март во Херцег Нови и Требиње – АТКК –
-
Uncategorized
8. Март во Опатија и островот Крк – ATKK
-
Uncategorized
СОКОБАЊА- 8ми Март 2022 – ЛТ –
-
Uncategorized
САРАЕВО – 8ми Март 2022 -ЛТ-