MAI Apartments - Полихроно - инт - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Нашата најпопуларна локација за минатата сезона – Mai luxury apartments – комплетно нови луксузни апартмани во Полихроно, Грција. Оваа прекрасна вила е сместена само на 50 метри од плажа, нудејќи неверојатна комбинација на комфор и природна убавина. Луксузно дизајниран и опремен овој објект е идеален за вашето опуштање и задоволство.

Локација: Се наоѓа на само 50м. од плажа, во непосредна близина на центарот.

Сместување: Високо приземје и прв кат: трикреветни ,четирикреветни и петкреветни апартмани.

o АПП 1/2+1- еден брачен кревет во посебна соба, опремена кујна со дополнително легло (фотелја на спуштање), ТВ, бања, тераса.
o АПП 1/3+1- еден брачен кревет и еден единечен кревет во посебна соба, опремена кујна со дополнително легло (кревет на спуштање), ТВ, бања, тераса.
o АПП 1/3+2- еден брачен кревет и еден единечен кревет во посебна соба, опремена кујна со дополнителни легла (фотелја на спуштање и кауч (должина 160cm), ТВ, бања, тераса.

Клима уредот е вклучен во цената.
Пешкири и хигиенски средства нема во сместувачките капацитети.
Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ ЗА  7 ноќи

Период Бр.на ноќи 1/2+1  апп 1/3+1 апп 1/3+2 апп
26.05 – 02.06 7 209 229 € 249 €
02.06 – 09.06 7 369 € 389 € 409 €
09.06 – 16.06 7 349 € 369 € 389 €
16.06 – 23.06 7 499 € 519 € 539 
23.06 –  30.06 7 589 € 609 € 629 €
30.06 – 07.07 7 669 € 689 € 709 €
07.07 – 14.07 7 669 € 689 € 709 €
14.07 – 21.07 7 699 € 719 € 749 €
21.07 – 28.07 7 739 € 759 € 779 €
28.07 – 04.08 7 759 € 779 € 799 €
04.08 – 11.08 7 759 € 779 € 799 €
11.08 – 18.08 7 749 € 769 € 789 €
18.08 –  25.08 7 579 € 599 € 579 €
25.08 – 01.09 7 529 € 549 569 €
01.09 – 08.09 7 429 € 449 € 469 €
08.09 – 15.09 7 359 € 379 € 399
15.09 – 22.09 7 229 € 249 € 269 €
22.09 – 29.09 7 199 € 219 € 229 €

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА  7 ноќи

Задожолжителна доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот).

 

Превозот се доплаќа

Повратен превоз Еден правец
Возрасен 45€ 35€
Деца од 02-12 год. 35€ 25€
Деца до 2 год. Бесплатно (без седиште) Бесплатно (без седиште)
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

 

ПРЕВОЗ:
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.

Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,

Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

 

НАПОМЕНА:

  • Во студијата и апартманите  е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
  • Сместувањето во студијата и апартманите е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на студијата  и апартманите е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • Агенцијата не е одговорна за стабилноста, достапноста, брзината на интернетот, препорачуваме гостите да си уплатат сопствен интернет во роаминг пакет доколку имаат потреба од стабилна и постојана интернет врска.
  • Агенцијата не гарантира достапност на паркинг место пред или во близина на објектот;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;
  • Средства за лична хигиена, тоалетни производи и крпи не се обезбедени и за истите се одговорни гостите.
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс,во спротивно резервацијата е неважечка;
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не одговара за исправноста на патните документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….) да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
  • Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Важат општите услови за патувањe на Т.А. ПИКНИК ТРАВЕЛ.