Dreamcatcher Studios & Apartments - Golden Beach Thasos

Share on facebook
Вилата се наоѓа на 400 метри од плажа, на главната улица. До студиата се пристапува низ убаво уреден двор, кој располага со играчки за деца, и секако летна кујна покриена со скара и мијалник кој е достапен за сите гости. Во студиата нема кујна, но има мало фрижидерче, брачни кревети со нормална големина, тоалет и сопствена терасичка. Студиата имаат и комарници. Вилата истотака има пешкири кои гостите ги добиваат при сместување. Клима уредот се доплаќа.
Цената вклучува:
* 7 ноќевања на база Room Only (наем на соба)
* Користење на Wi-Fi
* Собите имаат мини кујна со фрижидер и електричен бокал. Готвењето не е дозволено во соба, но секоја соба има свој дел за готвење надвор од собата
* Студиата се добиваат исчистени и со променета постелнила а за хигиента на собата во текот на престојот се грижат самите гости
* Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, напуштањето последниот ден е до 10 часот наутро
* Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале.
Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.
Цената не вклучува:
* Туристичка такса од 1,5€ по соба на ноќ, истата се плаќа директно во објектот
* Превоз
* Патничко осигурување
* Доплата за корситење на клима уред се плаќа на лице место
Напомена:
* Бројот на соби кој може да се резервира со Early Booking попуст е ограничен!
* Агенцијата го задржува правото на промена или прекинување на Early Booking попустите пред наведените датуми на истекување.
* Резервациите направени со Early Booking не може да се комбинират со ниту еден друг попуст!
* Доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата.
* За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст не е валиден за резервации направени по цена со Early booking попуст или било кој друг тип на попуст.
Доплата за превоз (за возрасни) Македонија- Тасос -Македонија :
• Скопје 60€ • Штип 70€
• Велес 60 € • Радовиш 70€
• Неготино 60€ • Струмица 70€
• Граничен премин 60€
Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно (не користи седиште)
* Задолжителна доплата за траект  20 евра за возрасен / 15 евра за дете 2-11,99 години