DIAMOND 4 SUITES - НИКИТИ-TКС-Leto 2023

Share on facebook
Diamond 4 apartments е комплетно нова вила, репрезентативна зграда која има сместувачки капацитети, односно апартмани во кои никој до сега не престојувал. Апартманите се наоѓаат во рамките на вилата 4 КЛУЧ (во другиот дел од вилата се Апартмани Дијамант 4). Вилата се наоѓа во мирен дел на Никти, на само 350 m од центарот и исто толку оддалеченост од плажа. Се препорачува за луѓе кои сакаат мир, одмор, уживање.

ЦЕНОВНИК И УСЛОВИ

Вилата располага со четворокреветни апартмани кои се наоѓаат на приземје или на прв кат. Апартманите лоцирани на приземје имаат пристап до ограден двор. Апартманите на првиот кат имаат свои приватни, многу пространи тераси. Сите апартмани се идентични. Имаат една спална соба со брачен кревет и дневна соба со комплетно опремена кујна и голема трпезариска маса со 4 столчиња. Во дневната соба има софа на извлекување на која можат удобно да спијат двајца возрасни. Двете соби, односно спалната и дневната имаат сопствена клима. Секој апартман има по два клима уреди. Кујната е опремена со комплетно нови садови, има рамна плоча со две грејни површини и аспиратор. Двете соби во апартманот имаат сопствен излез во дворот и сопствени тераси доколку се апартмани на прв кат. Бањата во апартманите е исто така комплетно нова и има туш кабина/тоалет, фен. Секој апартман има LCD, ТВ и WIFI. На гостите им се даваат чисти крпи за употреба. Постелнината се менува на секоја смена. За време на престојот, гостите се одговорни за одржување на хигиената во сместувачките единици.
Вила Diamond 4 apartment – Никити
Смена: Ноќевања: 1/4 апартман
30.06-05.07.2023 6 510
04.07-14.07.2023 10 1050
13.08-20.08.2023 7 735
19.08-26.08.2023 7 735
26.08-02.09.2023 7 735
02.09-09.09.2023 7 660
09.09-16.09.2023 7 660
16.09-23.09.2023 7 590
23.09-30.09.2023 7 510
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 10.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа на лице место во вилата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • АПАРТМАНИТЕ: ИМААТ ПЕШКИРИ ,САПУН И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА
  • Паркинг пред вилата
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;