Diamond 4 apartments - Никити - ткс - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Diamond 4 apartments е комплетно нова вила, репрезентативна зграда која има сместувачки капацитети, односно апартмани во кои никој до сега не престојувал. Вилата се наоѓа во мирен дел на Никти, на само 350 m од центарот и исто толку оддалеченост од плажа. Се препорачува за луѓе кои сакаат мир, одмор, уживање. На располаѓање имате скара и останати реквизити за пријатен и исполнет престој.

 

Термин од: Ноќевања APP 1/2+2+exb
26.05 7 300
02.06 7 370
09.06 10 670
19.06 10 820
29.06 10 1.020
09.07 10 1.220
19.07 10 1.220
29.07 10 1.220
08.08 10 1.220
18.08 10 1.220
28.08 10 870
07.09 7 620
14.09 7 500
21.09 7 440
28.09 7 300

Вилата располага со четворокреветни апартмани кои се наоѓаат на приземје или на прв кат. Апартманите лоцирани на приземје имаат пристап до ограден двор. Апартманите на првиот кат имаат свои приватни, многу пространи тераси. Сите апартмани се идентични. Имаат една спална соба со брачен кревет и можност за дополнително легло, дневна соба со комплетно опремена кујна и голема трпезариска маса со 4 столчиња. Во дневната соба има софа на извлекување на која може удобно да спие еден возрасен или две деца до 12 год. Двете соби, односно спалната и дневната имаат сопствена клима. Секој апартман има по два клима уреди. Кујната е опремена со комплетно нови садови, има рамна плоча со две грејни површини и аспиратор. Двете соби во апартманот имаат сопствен излез во дворот и сопствени тераси доколку се апартмани на прв кат. Бањата во апартманите е исто така комплетно нова и има туш кабина/тоалет, фен. Секој апартман има LCD, Smart ТВ и WIFI. На гостите им се даваат чисти крпи за употреба. Постелнината се менува на секоја смена. За време на престојот, гостите се одговорни за одржување на хигиената во сместувачките единици.

  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети;
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 10.00 часот по локално време;
  • Доплата за туристичка такса во Грција – 1,50 евра по соба од ден (се плаќа на лице место во вилата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • АПАРТМАНИТЕ:
    ИМААТ ПЕШКИРИ ,САПУН И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА
  • Паркинг пред вилата
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;