ARORA HOTEL-Kusadasi-SVN-Leto 2023
Локација Се наоѓа на плажа, на 5 км од центарот на Кушадаси, 80 км од аеродромот во Измир и 114 км од аеродромот во Бодрум. Отворен е во 2005 година, а реновиран во 2012 година. Плажа Плажата е песочна, лежалките, чадори за сонце и душеците се бесплатни за гостите на хотелот. Соби Сите соби се климатизирани, имаат балкон, ТВ, мини бар (се доплаќа), сеф (се доплаќа), телефон и фен. Хотелски содржини Главен ресторан, лоби и барови на плажа, надворешен базен, внатрешен базен, детски базен, еден тобоган, бесплатен Wi-Fi во сите делови на хотелот, турска бања, фитнес центар, пинг-понг, услуга во соба, перална, масажа, сауна. Начинот на кој се служат оброците Шведска маса.
Цените се дадени во евра
Аранжмани на 10 ноќевања
– Терминитe објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање (термин BUS) или ден на влез во објектите (термин check-in)
– Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (10 ноќевања со превоз), при сместување на минимум две лица на соба.
– Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност: 1 EUR = 62 MKD
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување во соба со две возрасни лица
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на релација Скопје – Кушадаси – Скопје (поаѓање во 10:00 h , паркинг СРЦ Борис Трајковски)
– Сместување во хотел и услуга по избор од табелата, на база 10 ноќевања
– Организација и реализација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме – полиса без франшиза)
ЗАБЕЛЕШКИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Пикник Травел
ЛЕГЕНДА: BB – ноќевање со појадок, HB – полупансион (појадок и вечера), AI – се вклучено, DBL – двокреветна соба….
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
13 дена / 10 ноќевања
01. ден СКОПЈЕ – КУШАДАСИ
Состанок на групата од Скопје во Скопје во 10:30 ч. на паркингот кај СРЦ Борис Трајковски. Заминување за Турција во 11:00 ч. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.
02. ден КУШАДАСИ
Пристигнување во пладневните часови. Сместување во хотел (по 13:00 часот). Слободно време за одмор. Ноќевање.
од 03. до 11. ден КУШАДАСИ
Денови за одмор со престој во избраниот хотел. Комуникација со локалните представници за евентуални факултативни излети и посети.
12. ден КУШАДАСИ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите до 10:00 часот. Заминување за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни одмори.
13. ден СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во попладневните часови.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 120 EUR (100 EUR за дете 6 до 12 год. / 80 EUR за дете 0 до 6 год)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 11:00 ч. (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски”)
– Велес, во 11:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 12:00 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во 12:30 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во 13:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Турција:
– Следниот ден попладне.
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот а во останатите денови според куќниот ред на објектот. Ве молиме побарајте информации на рецепцијата.
* Промена на чаршафи и пешкири се врши првиот ден при влез во објектот, а во останатите денови според куќниот ред. Ве молиме побарајте информации на рецепцијата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување, според категоризацијата на објектите.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
Цени и услови на плаќање
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, пакет аранжмани и хотелско сместување во Турција, со важност до 30.09.2023 година, или до објава на нов ценовник.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
- За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
- За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
- Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Будимпешта (Унгарија) за 8-ми Март – ЕСТ
-
Uncategorized
Нови Сад и Белград за 8ми март – ГТ
-
Uncategorized
САРАЕВО – 8ми Март 2022 -ЛТ-
-
Uncategorized
ВИЛА АРГО – НЕА ПОТИДЕА – АТК