Ammon Zeus Hotel Kalithea Halkidiki-Kassandra Grcija

Share on facebook
AMMON ZEUS 5*
Опис: хотелот е поставен на долга песочна плажа во близина на популарниот центар на Калитеа. Се карактеризира со светли, пространи соби, располага со ресторан, барови, интернет, фитнес, водени спортови и квалитетна услуга. Во неспоредна близина на најпознатите ноќни клубови и дискотеки на Халкидики. Хотелот е целосно реновиран во 2018 и е погоден за сите категории на туристи.
Локација: Касандра, 300м од центарот на Калитеа, на прва линија од море.
Хотелски услуги: автобуска постојка на 300м, хемиско чистење/перење (со доплата), надворешен базен со слатка вода (затоплен во април, мај и октомври), конференциска сала, теретана (бесплатно), поврзани соби, паркинг (со доплата), собна услуга (со доплата), Wi-Fi интернет на јавни површини (бесплатно),  СПА центар (Ammon Zeus SPA)  услуги со доплата: сауна, амам, масажа, третмани за лице и тело.
Плажа: пред хотелот, приватна песочна плажа наградена со сино знаменце,  лежалки и чадори (бесплатно), пешкири за на плажа (со депозит).
Ресторани и барови: коктел бар, снек бар, бар покрај базен, главен ресторан.
Спорт: спортови на вода (со доплата).
Забава: жива музика.
Соби:  126 соби Deluxe Doubles GV/SV (~21 m2), Premium Deluxe Rooms GV/SV (~21 m2), Suites Deluxe 2-Bedroom Premium SV (~43 m2). Секоја од собите е опремена со: балкон/тераса, клима, сателитска ТВ, телефон, Wi-Fi интернет (бесплатно), сет за бања, мини фрижидер,  сеф (бесплатно), фен, мини бар (со доплата).  Хотелот располага и со меѓусебно поврзани соби. Бебешко креветче на барање. Тип на дополнителен кревет – софа / фотеља / кревет на расклопување. Напомена: сите соби се за непушачи, во случај на пушење во соба се плаќа казна, пушењето е дозволено на балкон.
Дополнителни информации: погодности за лица со посебни потреби, не е дозволен престој за домашни миленици.

Проверете актуелни цени и капацитет​