8ми Декември- ЛУКОВСКА БАЊА - стф

Share on facebook

Луковска Бања е млада бањска населба, здравствено одморалиште  и туристички центар во југоисточниот дел на Копаоник, северозападно од општина Куршумлија. Познат е по најголемиот број извори (37) и огромно количество од над 100 l/s топла (до 65°C) минерална вода. Таа е највисоката бања во Србија, чиј центар е 681 метар надморска височина, што ја прави во исто време и воздушна бања. Луковска Бања е на 36 километри од Куршумлија.

Хотел „Бела Јела“ 4* е отворен за првите гости во октомври 2021-ва година. Сите соби се модерно опремени во согласност со најновите стандарди. Оброците се служат по принцип на шведска маса – појадок и вечера,  и “a la carte” ресторан за ручек.
Велнес центарот на хотелот  располага со отворен и затворен базен со температура од 33 до 35 степени, финска сауна, инфрацрвена сауна, парна бања, солена соба и топли клупи.
Гостите можат да го користат лоби барот на рецепцијата и велнес барот во велнес центарот за релаксација и уживање.
Исто така имаат можност да ги користат теретаната и салата за забава и рекреација. За најмладите гости е достапна модерна игротека.
Медицинскиот блок е модерно опремен и може да се користи електротерапија, хидротерапија, терапија со кал и рачни масажи. Терапиите  се одвиваат секојдневно, за време на викендите и празниците, а лекарите се достапни 24 часа за прегледи и консултации.

Цена на аранжманот 185 евра / 11.470мкд

Промо цена 165 евра/ 10.230мкд за резервации до 31.10

 

Програма за патување (07.12-09.12.2024)

1.Ден  07.12.2024 (Сабота) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА

Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Русија. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности.

Пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Бела Јела 3*.

Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот.

Вечера. Ноќевање.

 

2.Ден 08.12.2024 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на  хотелот или пешачка тура до црквата Св.Мина со локален водич (турата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови ). Вечера. Ноќевање.

 

3.Ден 09.12.2024 (Понеделник)-ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.30часот со попатна посета на ЛИДЛ маркетот во Прокупље.

Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената релација.
  • Сместување во Хотел Бела Јела 3* во стандардни двокреветни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса    https://lukovskabanja.com/hotel-bela-jela/
  • Користење на отворено – затворен базенсо термална вода со температура од 33-35⁰C
  • Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, парна бања, тепидариум,солена соба
  • Користење на фитнес сала, детска игротекаи сала за забава
  • Туристичка такса

Ценатана аранжманот не вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување.
  • Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

Попусти и доплати:

  • Деца до 6.99год-во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел-плаќаат само превоз 35€/2.170ден
  • Дете од 6-99год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, плаќа 80€/4.960ден
  • Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)
  • Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860денза две ноќевања
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.

 

**(Во двокреветна соба 2+1, може да се смести макс. 2 возрасни +1 дете до 9.99г. или 2   возрасни+1 дете до 9.99 +1дете до 3.99г.).

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и целосна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
· Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
· За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на Т.А Пикник Травел.