8ми ДЕКЕМВРИ ЗА CHRISTMAS  MARKET ЗАГРЕБ - стф

Share on facebook

Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира Загреб во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 219 евра /13,578мкд

ПРОМО ЦЕНА 189 eвра  /12,338 мкд за резервации до 31.10

 

1 Ден-06.12-Скопје – Загреб

Состанок со групата на паркингот пред хотел “Holiday Inn” во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.

2 Ден-07.12-Загреб

Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица…

Во попладневните часови сместување во хотел.

Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и празничната магија. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.

Ноќевање.

3 Ден-08.12-Загреб-Љубљана-Загреб

Појадок. Поаѓање за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб.

Вечерта,  повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење.

Ноќевање.

4 Ден-09.12-Загреб – Скопје

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Попладне, поаѓање кон Македонија.

Пристигнување во Скопје на 10.12-Вторник,  во раните утрински часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
  • Сместување во хотел  Aristos 4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Загреб со локален водич
  • Посета на Christmas market
  • Посета на шопинг центар “Arena Centar”
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Посета на Љубљана 45 евра
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 5.500мкд
  • Дете до 3 години гратис (без легло)
  • Дете 3-7 години(без легло, спие со родители) плаќа 6140 мкд
  • Индивидуални трошоци

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно минимум 30 патници).
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А Пикник Травел.