8ми ДЕКЕМВРИ ЗА CHRISTMAS  MARKET ВИЕНА - стф

Share on facebook

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 229 евра /14,200мкд

ПРОМО ЦЕНА 199 eвра  /12,338 мкд за резервации до 31.10

 

Програма на патување:

1 Ден-06.12-Скопје – Виена

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 13:30 часот. Тргнување за Виена во 14:00 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 Ден-07.12-Виена

Пристигнување во предпладневните часови и  следи задолжителен панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот…

Во попладневните часови заминување и сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена со пратител и посета на Божиќните базари со можност да вкусите прекрасни деликатеси и греано вино. Во договорено време враќање во хотел.

Ноќевање.

3 Ден-08.12-Виена

Појадок. После појадокот можност за  факултативна посета на Братислава: Братиславскиот дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Најубавиот дел на Братислава има бајковит божиќен базар. Стариот град мириса на разни деликатеси и звуци од божиќни песни.

Враќање во Виена

Ноќевање.

4 Ден-09.12-Виена – Скопје

Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на  дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на  Хабзбуршката монархија , изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за  животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф…Mожност за факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на градот. Во попладневните часови заминување за Скопје

Пристигнување во Скопје на 10.12-Вторник,  во предпладневните  часови.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување воХотел Michael 3*** во Виена на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Организација и реализација на програмата

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителен разглед на Виена со локален водич – 15€
  • Факутативна посета и разглед на Братислава- 35€
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 55€
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25€
  • Задолжително патничко осигурување
  • Туристичка такса 5€ по лице се плаќа во автобус
  • Доплата за еднокреветна соба – 3.500 ден

 

Напомена:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање,во случај на недоволен бој на патници.
  • Пасошот треба да биде со важност мин. 3 месеци од денот на ваќањето.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите