8 ми ДЕКЕМВРИ - БУДИМПЕШТА - стф
Будимпешта-град со прекрасна местоположба, град кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.
Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.
Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која опстојува и денес.
Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.
Цена на аранжманот 189 евра по лице/ 11.718 мкд
ПРОМО ЦЕНА 159 евра по лице / 9.858 мкд 31.10.2024
Програма на патување (06.12 – 09.12.2024)
1 ден-06.12.2024 (Петок) Скопје – Будимпешта
Состанок на групата на паркингот пред хотел Русија во 17.00час. Поаѓање за Будимпешта во 17.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
2 ден-07.12.2024 (Сабота) Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта. Разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.
3 ден-08.12.2024 (Недела) Будимпешта -Сент Андреа
Појадокот. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта.
Вечертa посета на Божиќниот пазар на некој од плоштадите во Будимпешта, потоа одиме на факултативно крстарење по реката Дунав и факултативна вечера во национален ресторан Чарда. Ноќевање.
4 ден-09.12.2024 (Понеделник) Будимпешта-Скопје
Појадок. Одјавување од хотел.. Посета на шопинг центар Арена и во попладневните часови поаѓање за Македонија. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи. Ноќно возење.
10.12.2024 (Вторник) Скопје
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високо туристички автобус
- 2ноќевања со појадок во хотел 3*
- Посета на шопинг центар Арена
- Организација и водство на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжителен разглед на градот со локален водич (10 еур)
- Факултативно крстарење по Дунав ( 20 еур)
- Факултативна посета на Сент Андреа (20 еур)
- Факултативна вечера во национален ресторан (35 еур)
- Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
- Индивидуални трошоци
- Доплата за еднокреветна соба-2.900мкд
НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultrafirst или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Пикник Травел.