8ми ДЕКЕМВРИ-ПРОЛОМ БАЊА - стф
Пролом Бања се наоѓа на југот на Србија, на падините на планината Радан, густо покриена со шума. Таа е една од трите бањи кои се наоѓаат во околината на Куршумлија, веднаш до Куршумлија и Луковска, а меѓу нив е и најмладата, а воедно и најпосетуваната.
Бањата Пролом се наоѓа веднаш до истоименото село, по кое го добило своето име, сместени покрај горниот тек на реката Пролом, десната притока на Косаница.
Цена на аранжманот 175 евра / 10.850мкд
Промо цена 155 евра/9.610мкд за резервации до 31.10
Програма за патување (07.12-09.12.2024)
1.Ден 07.12.2024 (Сабота) СКОПЈЕ-ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата во 05.30час. на паркингот, пред хотел Русија. Поаѓање за Пролом Бања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне.
Сместување во хотел Радан (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса). Ручек. Слободно време за индивидуални активности и релаксирање во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 08.12.2024 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. После појадокот, заминуваме на факултатувна посета на Ѓавола Варош (доколку дозволат временските услови). Овој мистичен споменик на природата е избран во Топ 77 најголеми чуда на природата.
Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за реласирење во Спа центарот на самиот хотел.
Вечера. Ноќевање.
3.Ден 09.12.2024 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА-СКОПЈЕ
Појадок. Во 10.00час организирана пешачка прошетак до црквата Лазарица, која е единствена црква-брвнара во овој крај. Враќање во хотел и во 12.30 час поаѓање за Македонија.
Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
- Сместување во двокревтни стандардни собиво хотел Радан 3* https://prolombanja.com/
- Две ноќевања со појадок, ручек и вечера (шведска маса)
- Секојдневно користење на Велнес центарот (сауна, џакузи базен со лековита пролом вода, солена соба, сауна, тепидариум, отворен-затворен базен)
- Секојдневно користење на фитнес салата, сала за релаксација (билијард, пинг-понг, пикадо)
- Организирана прошетка до црквата Лазарица
- Организација, реализација и придружник на патувањето
- Туристичка такса
Ценатана аранжманот не вклучува:
- Задолжително патничко и здравствено осигурување-150мкд
- Факултативна посета на Ѓавола Варош со локален водич, превоз и влезница-5 еур(Факултативата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови)
- Индивидуални трошоци (масажа, пијалоци и др.неспомнати услуги)
- Патничко осигурување
Попусти и доплати:
- Деца до 6.99год-во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел-плаќаат само превоз 35€/2.170ден
- Дете од 6-99год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, плаќа 80€/4.960ден
- Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860денза две ноќевања
- Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.
**(Во двокреветна соба 2+1, може да се смести макс. 2 возрасни +1 дете до 9.99г. или 2 возрасни+1 дете до 9.99 +1дете до 3.99г.).
(НАПОМЕНА: со 2 или повеќе деца, сместувањето е во фамилијарни соби или апартмани) задолжителна доплата 13 еур на ден (на барање)
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и целосна доплата 7 дена пред поаѓање
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
•Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
• За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на пасошот мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Пикник Травел.