ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 229 евра /14,200мкд
ПРОМО ЦЕНА 199 eвра /12,338 мкд за резервации до 31.10
Програма на патување:
1 Ден-06.12-Скопје – Виена
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 13:30 часот. Тргнување за Виена во 14:00 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 Ден-07.12-Виена
Пристигнување во предпладневните часови и следи задолжителен панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот…
Во попладневните часови заминување и сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена со пратител и посета на Божиќните базари со можност да вкусите прекрасни деликатеси и греано вино. Во договорено време враќање во хотел.
Ноќевање.
3 Ден-08.12-Виена
Појадок. После појадокот можност за факултативна посета на Братислава: Братиславскиот дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Најубавиот дел на Братислава има бајковит божиќен базар. Стариот град мириса на разни деликатеси и звуци од божиќни песни.
Враќање во Виена
Ноќевање.
4 Ден-09.12-Виена – Скопје
Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабзбуршката монархија , изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф…Mожност за факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на градот. Во попладневните часови заминување за Скопје
Пристигнување во Скопје на 10.12-Вторник, во предпладневните часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со високотуристички автобус
- Сместување воХотел Michael 3*** во Виена на база на 2 НП (нокевање/појадок)
- Организација и реализација на програмата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжителен разглед на Виена со локален водич – 15€
- Факутативна посета и разглед на Братислава- 35€
- Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 55€
- Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25€
- Задолжително патничко осигурување
- Туристичка такса 5€ по лице се плаќа во автобус
- Доплата за еднокреветна соба – 3.500 ден
Напомена:
- За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање,во случај на недоволен бој на патници.
- Пасошот треба да биде со важност мин. 3 месеци од денот на ваќањето.
- Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
- Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите