27.09-29.09 БЕЛГРАД – ТУМАНЕ - хер
БЕЛГРАД – ТУМАНЕ
1.ДЕН 27.09.2024 – Се поаѓа во вечерните часови. Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Битола и Куманово. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Влез во Србија преку граничен премин Табановце.
2.ДЕН 28.09.2024 – Пристигнување во раните утрински часови во Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица. Посета и до испосницата на Свети Зосим која се наоѓа на околу 1 км од манастирот, во старата и густа шума. Испосницата е во карпа каде има две пештери, поврзани со тесен премин. Во едната живеел, а во другата се молел преподобниот светител, а покрај пештерата има чудотворен извор. Во договор со водичот поаѓање за БЕЛГРАД. По пристигнувањето во Белград прво се упатуваме на Скадарлија – Боемски квартал каде се наоѓаат најпознатите староградски кафани, можност за ручек. Потоа прошетки низ Кнез Михајлова и Калемегдан. Сместување во хотел во попладневните часови.. Ноќевање.
3.ДЕН 29.09.2024 – Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативно крстарење по ДУНАВ и САВА чија глетка ги воодушевува туристите. После крстарењето се упатуваме према трговски центар УШЧЕ. Слободно време за шопинг, кафе и ручек. Во пладневните часови се поаѓа за Македонија преку граничен премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5,500 мкд
Во цената е вклучено:
* Превоз на наведената релација со високотуристички автобус
* 1 ноќевање со појадок во ХОТЕЛ 3* во БЕЛГРАД(околина)
* Пратител на групата за време на целото патување
Во цената не е вклучено:
* Патничко осигурување (информација во агенција)
* Туристичка такса 1,5 еу по лице – задолжително се плаќа во автобус
*ФАКУЛТАТИВНО КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ И САВА –15 еу
НАПОМЕНА!!!
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
САРАЕВО – 8ми Март 2022 -ЛТ-
-
Uncategorized
ИСТАНБУЛ – 8ми Март 2022 – ЛТ –
-
Uncategorized
ВИЛА MARIA PASHALIDOU – Неа Рода – аткк – ЛЕТО 2024
-
Uncategorized
BUDVA – New Year