11 ОКТОМВРИ - БАНСКО - САНДАНСКИ (11.10-13.10.2024) аткк

Share on facebook

Прв ден: 11.10.2024 (петок)

04.00 часот Заминување на групата од Скопје кон Банско. Се патува преку Струмица и граничниот премин Ново Село со попатни одмори. Пристигнување во Банско околу пладне. Сместување во хотел „Belvedere Holiday Club“ 4**** во едноспални и двоспални апартмани (www.belvedereholidayclub.bg) . Слободно време за одмор и користење на внатрешниот базен и на спа центарот: сауна, парна бања, фитнес центар, џакузи. Вечера. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

 

Втор ден: 12.10.2024 (сабота)

Појадок. Слободно време за прошетка низ Банско и за индивидуално разгледување на градот, како и за користење на внатрешниот базен и спа центарот во хотелот. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 13.10.2024 (понеделник)

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување на групата кон Сандански. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во Кавадарци и Скопје во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………139 евра (8.620 денари)

 (плаќање во денарска притиввредност)

 

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Belvedere Holiday Club“4****  во Банско
  • Користење на внатрешниот базен
  • Посета на Сандански
  • Организација на аранжманот и придружник на  патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

Користење на спа центарот во хотелот

  • Патничко осигурување

 

 

Услови за деца: до 6 години бесплатно…деца од 6 до 11,99 години плаќаат 50% од аранжманот

 

 

 

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници