ХОТЕЛ GOLDEN BEACH 3* - Метаморфози - ткс - ЛЕТО 2025
Хотел ГОЛДЕН БИЧ е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето. Пред хотелот има прекрасен градски парк кој е фантастичен за попладневни прошетки и ќе имате можност да уживате во колоритните зајдисонца кои Метаморфози може да ги понуди. Метаморфози е исто така познато по енормното присуство на иглолисна, борова шума и претставува воздушна бања која се граничи со синото Егејско Море.
Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН и располага со 47 соби: 1/3 Приземје собите се наоѓаат на приземје и имаат ограничен поглед (брачен + eдинечен кревет), 1/3 Стандард собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 Студио собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба) , 1/4 Апартман собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Апартман со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба) . Секоја соба има простран балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ, тоалет, пешкири, средства за лична хигиена и сушара. Хотелот има главен ресторан, базен со чадори и лежалки, бар покрај базенот, детско катче со трамболина, лизгалки и други реквизити, сопствена плажа и бар на плажа кој е со доплата.
- Појадок 08:00-10:00 ч. на база шведска масa;
- Вечера 18:30-21:00 ч. на база шведска маса
ПОЛУПАНСИОН | НОЌИ | 1/3 | 1/3 | 1/4 | 1/4 | 1/5 |
ТЕРМИН | Приземје | Стандард | Студио | Апартман | Апартман | |
24.05 | 7 | 250 | 260 | 310 | 330 | 360 |
31.05 | 7 | 270 | 305 | 350 | 370 | 400 |
07.06 | 7 | 320 | 340 | 395 | 420 | 450 |
14.06 | 7 | 350 | 380 | 450 | 470 | 500 |
21.06 | 7 | 380 | 415 | 470 | 490 | 520 |
28.06 | 7 | 420 | 440 | 495 | 520 | 550 |
05.07 | 7 | 460 | 470 | 550 | 570 | 600 |
12.07 | 7 | 495 | 530 | 580 | 600 | 640 |
19.07 | 7 | 495 | 530 | 580 | 600 | 640 |
26.07 | 7 | 495 | 530 | 580 | 600 | 640 |
02.08 | 7 | 495 | 530 | 580 | 600 | 640 |
09.08 | 7 | 495 | 530 | 580 | 600 | 640 |
16.08 | 7 | 495 | 530 | 580 | 600 | 640 |
23.08 | 7 | 470 | 505 | 550 | 570 | 600 |
30.08 | 7 | 405 | 440 | 470 | 490 | 530 |
06.09 | 7 | 360 | 385 | 440 | 460 | 500 |
13.09 | 7 | 300 | 320 | 380 | 400 | 450 |
20.09 | 7 | 270 | 285 | 330 | 350 | 370 |
РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
- За сигурна резервација се подраз бира исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 20 дена пред започнување на аранжманот;
Попусти за рана уплата:
- Попустот за рана уплата од 10%важи за резервации направени до 02.2025; со аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот и целосна доплата до 15 дена пред поаѓање;
НАПОМЕНА:
- Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН за 7 ноќевања;
- Прво дете во 1/3соба, Приземје или Стандард, и 1/4 или 1/5 Студио и Апартман” од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
- Второ дете во 1/3 Стандард,од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
- Второ дете во 1/4 Студиоили 1/4 и 1/5 Апартман, од 0 до 5,99 г. на редовно легло БЕСПЛАТНО
- Второ дете во 1/4 Студиоили Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќа 20% од цената
- Второ и трето дете во 1/5 Апартман’ од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плакаат по 20% од цената за возрасен
- Трето дете во 1/4 Студиоили Апартман од 0 до 05,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
- Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
- Втора, Трета, четврта и петта возрасенаособа над 12 години во 1/3 Приземје и Стандард, или 1/4 студио, и 1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената по лице;
- Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелот;
- Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот;
- Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба;
- Сместување во собите е по 14:00 по локално време а напуштање е до 10:00 по локално време;
- За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции);
- Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 62 денари;
Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:
- возрасни: 45 €(еден правец 35 €)
- деца од 2 до 12 години: 35 €(еден правец 30 €)
- деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус);
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
SIMILAR OFFERS
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА KATERINA LUKS – Неа Флогита – сп – ЛЕТО 2024
-
ХОТЕЛИ СО 4 ЗВЕЗДИ
Kleopatra Ramira Hotel | Antalija Alanija ****
-
Uncategorized
ВИЛА MARIA PASHALIDOU – Неа Рода – аткк – ЛЕТО 2024
-
1 КРАК - КАСАНДРА
ВИЛА KOSTAS – Неа Потидеа – атк – ЛЕТО 2025