Нови Сад и Белград за 8ми март - ГТ
Share on facebook
Нови Сад е вториот по големина град во Србија по Белград. Според најновиот попис од 2011 година, градот има урбано население од 277.522 жители, додека населението на општината е 341.625. Градот се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка гора. Уште од формирањето во 1694, Нови Сад е центар на српската култура и го добил името Српска Атина. Денес Нови Сад е голем индустриски и финансиски центар на српската економија, а исто така е еден од најголемите градежни локации во регионот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 79 евра
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
- Разглед на Нови Сад со водич
- Посета на Белград
- Организација на патувањето и пратител
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Туристичка такса 1.25 евра по лице по ноќевање (се плаќа во автобус)
- Свечена вечера со тамбураши 20евра
- Факултативна посета на Суботица – Паличко езеро 25 евра
- Патничко осигурување 200 ден.
ИНФОРМАЦИИ:
- Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
- За сингл соба се доплатуваат 35 евра дополнително од аранжманот
Попусти за деца:
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Деца од 3 до 12 години плаќаат 50 евра
- Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници
ПРОГРАМА:
Прв ден 04.03.2022 (петок)
СКОПЈЕ – НОВИ САД
Состанок на групата во 00:15 часот на Дрводекор , поаѓање во 00:30 ч. за Нови Сад. Ноќно патување низ Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
По пристигнувањето следува организиран разглед на градот со придружба на локален водич. Ке ја посетиме Петроварадинската тврдина, таканаречена ГИБРАЛТАР НА ДУНАВ, чиј камен темелник бил поставен во 17тиот век а градењето траело цели 88 години. Ова ремек-дело на воената архитектура од кое се пружа преубав поглед на градот има бројни подземни тунели кои се протегаат на 120 хектари површина. Еден од симболите е саатот сместен на највисоката точка на тврдината, наменет за патниците кои што пловат низ Дунав.
- Во продолжение на разгледот ке го посетиме строгиот центар на Нови Сад, Дунавската улица, паркот, неоготската и римокатоличката катедрала, владичиниот двор, градската куќа и друго. Слободно време за индивидуална прошетка. Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативна вечера со тамбураши. Ноќевање
2 ден 05.03.2022 (сабота)
НОВИ САД – СУБОТИЦА – ПАЛИЧКО ЕЗЕРО – СОМБОР
- По појадокот се упатуваме кон Суботица, следува организиран разглед на градот со локален водич. Суботица е најсеверниот град во Србија и второ најголемо урбано население во Војводина. За разлика од другите градови во Европа во Суботица не доминира велелепната катедрала или импозантната црква туку Градската куќа, ремек дело на Унгарската сецесија изградено во 1912 година. На плоштадот се наоѓа барокната катедрала а веднаш до неа е споменикот на жртвите на фашизмот- најголемиот споменик во Суботица. Следува возење околу познатото Паличко езеро кое заради својата геолошко-еколошка вредност е прогласено за заштитен природен парк. Паличкото езеро со своите термални води, песочни плажи и раскошната архитектура навистина пружа многу. Не е ни чудо што некогаш било монденска дестинација на богатата аристократија. Пристигнување во ВИНАРИЈАТА БОГДАН која е опремена со најсовремената француска технологија и го носи името на познатиот пеач од Суботица господинот Звонко Богдан. Обиколка ва винаријата со можност за винска проба. Потоа се упатуваме кон градот Сомбор – град со богата културна градина и раскошна историја со епитет на најзелен град во Европа. Разглед на градот, градската куќа, плоштадот на светото тројство, сончевиот саат и др. Сомбор го опкружуваат 18 салашки населенија. Предлагаме посета на едно селско домаќинство за да имаме прилика да уживаме во свечен бачки ручек за кој што лани имаат добиено награда на националниот саем за туризам. Ноќевање
4 ден 06.03.2022 (недела)
НОВИ САД – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
- По појадокот се упатуваме кон Белград, пристигнување на студентскиот плоштад во Белград. Слободно време за прошетка и шопинг низ најпознатата улица Кнез Михајлова, посета на Калемегдан и можност да ручек еден од најпопуларните локали во срцето на Дорчол, во стариот дел на Белград. Во договорено време тргнување кон Македонија. Пристинување во Македонија во вечерните часови.
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување е потребен брз тест, доказ за прележан вирус или целосна вакцинација. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот. - Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
- Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
- Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
- Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
- Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
- ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на земјата во која се патува.
- Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
- Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
- Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
- Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
- Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
- Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
- За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите. - Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
- Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата. - Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
- Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
- Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
- ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
- Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
- Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
- Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
- Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
- Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
- Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Општи услови
-
Uncategorized
Атина за 8ми март – ГТ
-
Uncategorized
BUDVA – New Year
-
Uncategorized
BELGRADE – New Year