КУЌА ZEYIA - Јерисос - имп - ЛЕТО 2025
40.40005, 23.88018
до 17 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…
Куќа “Zeyia” се наоѓа на одлична локација на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка и е една од поквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со одлични апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и сопствени тоалети. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има уреден двор и достапен паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција и изнесува 1,50 евра на ден по апартман.
Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м². Има поглед на градина од една тераса (од спална) и директен поглед море од друга тераса (од дневна). Дуплекс апартманот има три простории: дневна соба во која има софа на пуштање и еден стандарден кревет, маса со столови, ТВ и клима, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран тоалет со туш кабина, а во третата просторија е спална соба со брачен кревет со стандардни димензии. Опремен е со квалитетен мебел.
Апартман број 2 (1/4) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба исто брачен кревет со стандардни димензии со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за водаи сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када и сопствена помала тераса со маса и столови која има поглед кон дворот.
Апартман број 3 (1/4) – приземје, простран високо квалитетен апартман од 43м². Има две спални соби со стандардни брачни кревети, од кои едната е физички одвоена со врата а другата спална е преградена, а споена со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба, веднаш на влезот во апартманот. Опремен е со квалитетен мебел. Има пространа тераса со маси и столови со поглед кон дворот.
- Вонсезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 апартман бр. 2 |
1/4 дуплекс апартман бр. 1 |
1/4 апартман бр. 3 |
25/05-01/06 | 7 | 89 | 99 | 109 |
01/06-08/06 | 7 | 109 | 119 | 129 |
08/06-15/06 | 7 | 129 | 139 | 149 |
15/06-22/06 | 7 | 149 | 159 | 169 |
22/06-29/06 | 7 | 169 | 179 | 189 |
* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)
8 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 и целосна доплата заклучно со 04.01.2025
- Сезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 апартман бр. 2 | 1/4 дуплекс апартман бр. 1 | 1/4 апартман бр. 3 |
29/06-06/07 | 7 | 699 | 739 | 759 |
06/07-13/07 | 7 | 749 | 799 | 819 |
13/07-20/07 | 7 | 789 | 849 | 869 |
20/07-27/07 | 7 | 789 | 849 | 869 |
27/07-03/08 | 7 | 819 | 889 | 899 |
03/08–10/08 | 7 | 819 | 889 | 899 |
10/08–17/08 | 7 | 789 | 849 | 869 |
17/08–24/08 | 7 | 789 | 849 | 869 |
24/08-31/08 | 7 | 769 | 819 | 829 |
* цена за наем на апартман
17 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 и целосна доплата заклучно со 04.01.2025
- Вонсезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 апартман бр. 2 | 1/4 дуплекс апартман бр. 1 | 1/4 апартман бр. 3 |
31/08-07/09 | 7 | 159 | 169 | 179 |
07/09–14/09 | 7 | 139 | 149 | 159 |
14/09–21/09 | 7 | 109 | 119 | 129 |
21/09–21/09 | 7 | 89 | 99 | 109 |
* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)
8 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 и целосна доплата заклучно со 04.01.2025
Напомени и услови:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари)ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени задолжително плаќаат 4 лица
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА,според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
- Завозрасни 3.100 мкд. (50 евра), еденправец 2.480 мкд. (40 евра)
- Задецадо 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еденправец 170 мкд. (35евра)
- Децадо 1,99годинибесплатно, безседиште.
- Во апартман дозволено е сместување на лицас огласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и НЕ може да се комбинира.
- Организаторот на патувањето го задржуват правото по патна ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Туристичката такса се плаќа во агенција и изнесува 1,50 евра на ден по апартман.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Пикник Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник Tравел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервација.
SIMILAR OFFERS
-
3 КРАК - АТОС
КУЌА EVANGELIJA – Јерисос – имп – ЛЕТО 2024
-
3 КРАК - АТОС
ВИЛА ЏУЛИ 1 – Јерисос – имп – ЛЕТО 2024
-
1 КРАК - КАСАНДРА
ВИЛА STAVROS – Неа Каликратија – атк – ЛЕТО 2025