КУЌА MAKIS - Неа Флогита - имп - ЛЕТО 2025
40.256969, 23.223039
до 22 % попуст за 50 % уплата заклучно со 23.11.2024 ( сабота ) и целосна доплата заклучно со 21.12.2024 ( сабота )
НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбани градови во областа Халкидики.
Куќа “Макис” е лоцирана на главната улица кај фудбалското игралиште во Неа Флогита, на само 50 метри од прекрасната плажа и 100 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца. Располагаме со 3 четирикреветни квалитетни мезонети на високо приземје кои имаат делумен поглед море. Секој мезонет располага со комплетно опремена реновирана кујна, ТВ, сопствени тоалети, Wi-Fi и клима уред вклучени во цената, сет пешкири, сопствени тераси и одличен нов мебел. Паркингот е обезбеден пред куќата. Во близина на куќата има пазар на 70 метри, пекара на само 20 метри додека најблискиот голем супер маркет е оддалечен на најмногу 50 метри.
1/4 мезонет бр. 1 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
1/4 мезонет бр. 2 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
1/4 мезонет бр. 3 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
- Вонсезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 мезонет (задолжително плаќаат 2 лица) |
18/05-25/05 | 7 | 109 |
25/05-01/06 | 7 | 129 |
01/06-08/06 | 7 | 159 |
08/06-15/06 | 7 | 189 |
15/06-22/06 | 7 | 249 |
22/06-29/06 | 7 | 269 |
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
(задолжително плаќаат 2 лица)
10 % попуст за 50 % уплата заклучно со 23.11.2024 и целосна доплата заклучно со 21.12.2024
- Сезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 мезонет |
29/06-06/07 | 7 | 609 |
06/07-13/07 | 7 | 659 |
13/07-20/07 | 7 | 699 |
20/07-27/07 | 7 | 699 |
27/07-03/08 | 7 | 749 |
03/08–10/08 | 7 | 749 |
10/08–17/08 | 7 | 699 |
17/08–24/08 | 7 | 699 |
24/08-31/08 | 7 | 679 |
Цените во табелата се однесуваат за наем на мезонет за 7 ноќевања без превоз
22 % попуст за 50 % уплата заклучно со 23.11.2024 и целосна доплата заклучно со 21.12.2024
- Вонсезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 мезонет (задолжително плаќаат 2 лица) |
31/08-07/09 | 7 | 269 |
07/09–14/09 | 7 | 239 |
14/09–21/09 | 7 | 169 |
21/09–28/09 | 7 | 129 |
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
(задолжително плаќаат 2 лица)
10 % попуст за 50 % уплата заклучно со 23.11.2024 и целосна доплата заклучно со 21.12.2024
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ :
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА ДУПЛЕКС АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни3.100 мкд. (50евра), еденп равец 2.480мкд. (40евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ,СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ
- Во вонсезонските цени во дуплекс апартман плаќаатминимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
- Во дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимумедно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, напромотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по патна ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 15 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио / апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Пикник травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
SIMILAR OFFERS
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА DESPINA – Неа Флогита – еск – ЛЕТО 2024
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА ZORBAS – Неа Флогита – мдт – ЛЕТО 2024
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА MARIA -Неа Флигита – сп – ЛЕТО 2024
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА LITCA – Неа Флогита – сп – ЛЕТО 2024