ИТАЛИЈАНСКА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА ПАДОВА- СИРМИОНЕ (06.12.2024-10.12.2024) аткк

Share on facebook

ИТАЛИЈАНСКА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА

ПАДОВА- СИРМИОНЕБожиќно село BUSSOLENGO-ВЕРОНАПАЛМАНОВА

(06.12.202410.12.2024)

 

Дали некогаш сте посакале да гo помирисате Италијанскиот Божиќ?
Дојдете со нас да ги доживееме обичаите, радостите и традицијата, да уживаме во веселиот амбиент украсен со милиони светилки со кои е надополнета божиќната магија !

Прв ден: 05.12.2024 година (четврток)

Во 12:00 часот заминување од Скопје кон Италија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 06.12.2024 година (петок)

Пристигнување во Падова во пладневните часови. За време на божиќните празнувања, градот е исклучително привлечен. Мирисите на бонбоните и шарените производи од домашните работилници ќе го воодушеват секој минувач, а плоштадот Eremitani се претвара во село на Дедо Мраз каде вареното вино и топлото чоколадо се нудат на секој чекор. Организиран разглед на градот кој има одлично сочувани градби во стариот дел кои се под заштита на Унеско. Тоа е Универзитетски град во кој се наоѓа најголемото и најстарото Сеучилиште “Universita di Padova” во кое предавал Галилео Галилеј. Во римско време бил еден од најбогатите италијански градови, а во 14. век ги привлекол најдобрите италијански уметници: Giotta, Giovanni, Donatello, Paolo Uccello… Ќе поминеме низ најголемиот кружен Плоштад во Европа Prato della Valle на кој се поставени 78 скулптури на значајни личности и ќе имаме слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време продолжуваме кон Верона. Сместување во хотел „Best Western Plus Hotel Expo“  4**** (https://www.hotelexpoverona.it/en/homepage-en/ ) во близината на градот. Ноќевање.

Трети ден: 07.12.2024 година (сабота)

Појадок. Заминување на групата на целодневен излет најпрво до градот Сирмионе сместен на југот на прекрасното езеро Lago di Garda. Поради својата бескрајна убавина вткаена вo камените улици кои му даваат романтична нота, градот бил обожавано место од многу уметници, но и од околните богаташи кои доаѓале тука да се одморат. Во Сирмионе доминира замокот Scaliger изграден во 13.век од фамилијата по која го добил името. Особено добро е зачуван, а заради специфичниот начин на градба, изгледа како да плови над езерото. По организираниот разглед со лиценциран туристички водич, слободно време за индивидуални прошетки низ улиците низ кои веќе се чувствува празнична атмосфера. Во попладневните часови се упатуваме кон малото божиќно село Bussolengo кое е направено пред 18 години по примерот на германскиот град Rothenburg. Целиот амбиент ветува максимално божиќно уживање…Украсено е со илјадници светилки, тука е и Дедо Мраз, а божиќните песни кои се разлеваат од сите страни само го надополнуваат овој весел амбент. На бројните штандови се изложени производи од дрво, музички кутии, миризливи свеќи, оригинални божиќни честитки, најразлични божиќни тестенини од кои се шират едно чудо мириси… Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот. Ноќевање.

Четврти ден: 08.12.2024 година (недела)

Појадок. Заминување на групата со лиценциран туристички водич на целодневен излет на Верона, градот на љубовта и музиката, градот кој има душа познат по трагичната љубов на Ромео и Јулија. Обиколката започнува од куќата на Јулија каде се наоѓа најпознатиот балкон под кој Ромео и` ги шепотел на својата сакана најубавите зборови кои една жена може да ги слушне. Всушност, ќе имаме можност да уживаме цел ден во овој град чии корени датираат уште од античко време и ќе се восхитуваме на убавините на божиќните саеми. Ги има неколку во градот, а поголем дел од нив се посветени на Света Луција која е прикажана како млада жена со круна од цвеќе. Најголемиот божиќен саем во Верона е оној на Piazza Bra на кој има поставено над 300 штандови. Слободно време за празнично уживање. Во договореното време се враќаме назад во хотелот. Ноќевање.

Петти ден: 09.12.2024 година (понеделник)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон најголемиот аутлет шопинг центар Palmanova каде има повеќе од 90 продавници со производи од познати италијански и европски брендови во кои во овој период од годината има божиќни попусти. Местото изобилува и со ресторани и кафетерии, па токму тука  ќе имаме доволно слободно време за прошетки и за шопинг. Во договореното време заминување на групата кон Македонија. Пристигнување  во раните утрински  часови во вторник на 10.12.2024 година.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………399 евра (24.740 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

  • Превоз со туристички автобус
  • Три ноќевања со појадокво хотелот „Best Western Plus Hotel Expo” 4**** – Верона
  • Организирана посета на Падова, Верона, Сирмионе и божиќното село Буссоленго
  • Лиценциран туристички водич за време на целото патување
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Туристичка такса во хотелот– 200  денари за трите вечери- (се плаќа во агенцијата)
  • Доплата за еднокреветна соба 80 евра
  • Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници