ВИЛА BLUE DREAM - Калитеа - мдт - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Вила “Blue Dream”, се наоѓа во центарот на Калитеа, помеѓу втората и трета пешачка улица и околу 200m од плажа. Комплетно реновирана вила, располага со четири одлично уредени апартмани со една спална за 4 и 5 лица, на I-ви кат. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..), тоалет, туш, просторни балкони со поглед кон Градот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и  интернет – БЕСПЛАТНИ. Распоредот на легла според апартманите е следен: Апартман No1 и No2 за четири лица: две единечни легла во кујната и брачен во спалната соба каде што и се излегува на терасата. Апартман No3 за пет лица: еден единечен кревет во кујната и два единечни + брачен кревет во спалната каде се излегува на две тераси. Апартман No4 за пет лица: три единечни легла во кујната и брачен кревет во спалата каде се излегува на голема тераса. Гостите со сопствени возила може да паркираат на улицата пред вилата.  Ви посакуваме пријатен престој.

 EARLY BOOKING 2024

10% попуст за уплата до 01.02.24  |  5% попуст за уплата до 01.03.24

“Blue Dream”
Kалитеа
термин  МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
18 25 01 08 15 22 29 06 13 20 27 03 10 17 24 31 07 14  21 
бр. ноќи 7 7 7 7 7 7 7 * 7  * 7  * 7  * 7  * 7  * 7  * 7 7 7 7 7 7
Aпартман /2+2/
105 135 155 185 205 245 470 520 580 580 580 580 580 265 245 225 185 145 125
Aпартман /3+2/ 105 145 165 185 225 265 510 570 630 630 630 630 630 285 265 235 195 155 135
опис на ценовникот цени по лице со превоз цени за наем на цел апартман без превоз цени по лице со превоз

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на булеварот (околу 150m од вилата).
  • –  Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин.

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • –  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за туристичка такса – 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Автобуски превоз КАЛИТЕА, според термини од табелата Патни Информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје – Калитеа (325 км)
 Куманово:  (бензинска Макпетрол – автопат)   04:15h  Скопје – Солун – Неа Модања – Калитеа

Автопат (Е75)

 Трошоци во еден правец:
Патaрини во Македонија (430мкд)
Патарини во Грција (2.30€)

 Скопје:  (паркинг пред VIP хотел наспроти саем)  05:00h
 Штип:  (паркинг пред нова пошта)  05:00h
 Велес:  (бензинска Макоил, мотел Македонија)  05:45h
 Неготино:  (бензинска, Макпетрол)  06:15h
 Г.П. Богородица::  (бензинска, Oкта / Богородица)  07:00h
 Поаѓање од Калитеа:                         14:40 по МК време / 15:40 по ГР време (на главниот булевар)