ВИЛА СПИРОС - Агиос Никитас - јкт - ЛЕТО 2024

Share on facebook

АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на рид помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна.

Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница до која се стига со пешачење, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.

Вила Спирос се наоѓа на 300 метри од плажа, на почетокот на Агиос Никитас. Во нејзина близина има продавница на 100м, rent a car и rent a bike на 100м. Централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.

Вилата располага со двокреветни студија со дупли кревет и трокреветни студија со еден дупли кревет и еден единечен, сите имаат мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, сопствен тоалет со туш, клима и туш, терасата е надворешна, заедничка за сите соби одделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море. Клима со доплата од 5 еур на ден. Трокреветната соба на приземје е со дупли кревет и кревет на спрат (слики во прилог)

Капацитетот на собите: во двокреветна соба максимум 2 лица, во трокреветна соба максимум 3 лица.

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

-15% FIRST MINUTE ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 08.02.2024, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.03.2024

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.03.2024

 

Вила Спирос нема да работи вон сезона, само со термините наведени подоле во табелата.