ВИЛА МИА - Полихроно - еск - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Во срцето на Касандра, на околу 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно.
Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики, место совршено за семеен одмор. Во можност сте да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да се прошетате низ околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети и пекари ви се на дофат, така што нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед. Во продолжение ви ја претставуваме вилата „ Миа “. Вилата е реновирана во 2021 година, и располага со 4 апартмани на прв спрат. Апартманите се за 4 лица ( 2 возрасни и 2 деца до 12 години.) Се на.оѓа на 120м од плажа. Секој апартман има балкон, опремена кујна, тоалет, клима и Wi-Fi.

 

Вила МИА

Вилата е реновирана во 2021 година, и располага со 4 апартмани на прв спрат. Апартманите се за 4 лица од типот 1/2 +2 ( 2 возрасни и 2 деца до 12 години.) Се наоѓа на 120м од плажа. Секој апартман има балкон, опремена кујна и тоалет и Wi-Fi.

 

План и програма

Термините се изразени за 7 ноќевања од сабота на сабота почнувајќи од 01.06. до 28.09.2024

Чекирањето е во 14:00 часот.

Напуштање на апартманите во 09:00 часот.

 

1 термин 01.06-08.06.2024 159e
2 темрин 08.06-15.06.2024 207е
3 термин 15.06-22.06.2024 260е
4 темрин 22.06-29.06.2024 398е
5термин 29.06-06.07.2024 449е
6термин 06.07-13.07.2024 449е
7термин 13.07-20.07.2024 538е
8термин 20.07-27.07.2024 593е
9термин 27.07-03.08.2024 593e
10термин 03.08-10.08.2024 593e
11термин 10.08-17.08.2024 593e
12термин 17.08-24.08.2204 593e
13термин 24.08-31.08.2024 538e
14термин 31.08-07.09.2024 462e
15термин 07.09-14.09.2024 386e
16термин 14.09-21.09.2024 273e
17термин 21.09-28.09.2024 205e

 

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања во вила(наем)
-Користење на клима

Што не е вклучено во цената

Доплата за туристичка такса 1.5 центи од ноќ од апартман (Се плаќа во вилата)
-Превоз за возрасен повратен билет 40 еур / 30 еур во еден правец
-Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 30Еур / 20 еур во еден правец
-Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
-Патничко осигурување

 

Важно

*Чекирањето е после 14:00 часот, напуштање на апартманите е во 09:00 часот.

*Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.

*Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.

*Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
*Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

*Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
*Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
*Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
*За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
*Попустите Не се комбинираат.
*Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
*По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
*За ова патување важат општите услови на Т. А. Пикник Травел

*Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.

 

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.