ВИЛА MESKINI – Полихроно - стф - ЛЕТО 2024

Share on facebook

 

Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна.

Токму затоа оваа година ве покануваме во Полихроно, да уживате заедно со вашето семејство, покрај кристалното море како и многубројните продавници.

Вила Мескини се наоѓа на 70м од плажа и на 100м од центарот на Полихроно.

20% ПОПУСТ ДО 31.01.2024 НА ЦЕНИТЕ ЗА НАЕМ
РЕЗЕРВАЦИЈА СО 50% УПЛАТА А ОСТАТОКОТ НАЈДОЦНА ДО 01.03.2024

 

 

10% ПОПУСТ ДО 15.02.2024 НА ЦЕНИТЕ ЗА НАЕМ
РЕЗЕРВАЦИЈА СО 30% УПЛАТА А ОСТАТОКОТ НАЈДОЦНА ДО 01.04.2024

ТЕРМИНИТЕ ШТО СЕ ОБЕЛЕЖАНИ СО ЦРВЕНА БОЈА СЕ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА

 

 

 

ПРОМО ЦЕНИТЕ ВАЖАТ ДО 29.02.2023

ТЕРМИНИ 1/2+1АПП 1/3+1 АПП
26.05-02.06.2024 195 235
02.06-09.06.2024  305  325
09.06-16.06.2024 405 425
16.06-23.06.2024  437 455
23.06-30.06.2024  475 495
30.06-07.07.2024  535  555
07.07-14.07.2024 575  595
14.07-21.07.2024 635  655
21.07-28.07.2024 635 655
28.07-04.08.2024  635  655
04.08-11.08.2024  635  655
11.08-18.08.2024 635  655
18.08-25.08.2024 575  595
25.08-01.09.2024  535 555
01.09-08.09.2024  475  495
08.09-15.09.2024  437  455
15.09-22.09.2024 305 325
22.09-28.09.2024 195  245

 

 

Во цената е вклучено

  • Наем на апартман за 7 ноќевања/8 дена
  •  Wi fi интернет

Во цената не е вклучено

  • Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во агенција
  • Здравствено и патничко осигурување
  • Клима уред се доплаќа на лице место во објектот
  • Превоз- за возрасен 45еур / 35еур во еден правец ; деца од  2-11.99г. 35eур / 30 еур во еден правец; деца до 2год. (без седиште)-Бесплатно

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ

Располага со 8 апартмани, 4 на високо приземје, 3 на прв кат и еден на приземје. Секој апартман комплетно реновиран и е опремен со мини кујна, бања, балкон и ТВ. Апартманите се со една спална соба и со еден брачен кревет и еден единечен кревет, а во кујната има кревет на спуштање на кој можат да спијат две деца до 11.99г. или еден возрасен. И еден апартман е со брачен кревет во спална и кревет на спуштање во кујна, на кој можат да спијат две деца до 11.99г. или еден возрасен. Користењето на Wi-Fi е вклучено во цена, а клима се доплаќа кај газдите.

НАПОМЕНА

  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
  • Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);
  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете до 5.99год., во кревет со двајца возрасни;
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
  • Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;
  • По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
  • За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Пикник травел.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.