ВИЛА КONSTANTIN 1 - Полихроно - јкт - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Вила Костантин 1 се наоѓа во Полихроно, во мирен дел одделен од градската гужва, на 3мин од плажа или 150м, е идеална опција за мирен одмор. Се наоѓа веднаш зад Хотел Мирор, на 200м од центарот на Полихроно.

Вилата располага со 8 студиа на приземје или прв спрат, сите составени од две простории од кој една спална и посебна просторија кујна, каде има едно легло. Сите соби располагаат со сопствен тоалет со туш кадичка, клима, тв, интернет ( не гарантираме за брзината на истиот) кујна со прибор за готвење и јадење. Клима се доплаќа во Јули и Август (5еур на ден на лице место)

Студиата на приземје имаат две тераси за користење, додека тие на прв спрат само една.

 

Цените се изразени во еур, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 62мкд

Цените се изразени за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања.

 

Напомена: првите два и последните два термина се промо цени, и на нив не следува попуст. 

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2023, СО 100% УПЛАТА ДО 10.01.2024

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2024

-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2024

 

Доплата за туристичка такса се врши на лице место, по соба на ден од 1,5еур.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (четврток)

  • -Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60еур по лице
  • -Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) – 45еур по лице
  • -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –45еур по лице
  • -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • -Битола -(Автобуска Станица Транскоп-на перон) – 40еур по лице
  • -Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
  • -Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –50еур по лице
  • -Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 50еур по лице
  • -Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 50еур по лице

Пикник Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%  , или промена на цената на горивото

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • -3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
  • -4:00 Скопје (Дрводекор)
  • -4:30 Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија)
  • -5:00 Неготино (БП Неготино)
  • -6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • -4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
  • -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • -3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

  • 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
  • 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
  • 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
  • 14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

Во случај на недоволен број на патници од Битола и Прилеп, превозот ке се одвива со трансфер до Неготино.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
    * попустите не може да се комбинираат,
  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • *Важат Општите услови на СКТМ и ТА Пикник травел
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.