ВИЛА KATERINA - ЛЕПТОКАРИЈА - стб - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Лептокарија (село од лешник) се наоѓа во подножјето на планината Олимп, на околу 100 км од Солун. Се смета за едно од најубавите одморалишта во Грција. Шеталиштето, топлото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семејства со деца, за оние кои сакаат вистински одмор, и за млади кои сакаат добра забава.
Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици и летна врева се печат на Лептокарија. Местото има многу игралишта, забавни паркови, како и огромен парк со детски активности, ….
Секоја вечер кружат два воза низ Лептокарија, кои по релативно ниски цени ги носат туристите на обиколка. Главната улица е исто така главното шеталиштето каде има многу кафулиња, ресторани. За оние кои бараат и забава, има дискотеки и барови покрај плажата. Цените се многу пониски од другите одморалишта.
Кафулињата и рестораните ги нудат своите специјалитети по многу пониски цени. Сепак најевтин е пазарниот ден во вторник, каде освен свежо овошје и зеленчук….
Добра патна мрежа, ја поврзува Лептокарија со сите околни места што можете да ги посетите. Местото има сè што му треба на еден град. Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма. Интересно е што ноќе нема горштини како во други места бидејќи има влијание планината Олимп.
Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, што зборува за чистотата и квалитетот на водата.
Со нарачан пијалок во кое било од многуте кафулиња, туристите добиваат чадор и лежалка. Плажата Скотинас се наоѓа на 5 км од Лептокарија и е особено интересна за семејства со деца. Молос плажата е на околу 2 км од одморалиштето.
Има спортски терени каде исто можете да се забавувате, играте…..

Вила Катерина се наоѓа во Лептокарија, сместена на околу 100 метри од морето и недалеку од центарот. Вилата има безжичен интернет и простор за складирање на багаж за време на смената.Вилата се состои од три спрата, со трокреветни, четврокреветни студиа и апартмани. Во секоја соба има опремена кујна, тоалет со туш, телевизор, клима уред (со доплата на лице место) и тераса.

Соби

Студио бр. 6 – приземје 1/3 (1 брачен + 1 единечен кревет)
Студио бр 6А – 2 спрат 1/3 (1 брачен + 1 единечен кревет)

Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.

Check in:      14:00h.
Check out:   
10:00h.

Важна Напомена:  За хигиената на студијата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

 

GPS   40°05’99.86″N22°56’79.53″E  

 

15% попуст за резервација со 50% уплата до 31.12.2023
10% попуст за резервација со 50% уплата до 28.02.2024
Уплата 50 % при резервација и остатокот најдоцна 21 ден пред поаѓање

 

Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања
термини ноќи студио 1/2 студио 1/3 студио 1/4 Апп 1/5
25.05-01.06 7 99 119 139 169
01.06-08.06 7 149 169 189 209
08.06-15.06 7 169 189 209 259
15.06-22.06 7 229 249 269 369
22.06-29.06 7 269 289 309 419
29.06-06.07 7 309 329 349 459
06.07-13.07 7 349 369 389 489
13.07-20.07 7 369 389 419 519
20.07-27.07 7 409 419 439 559
27.07-03.08 7 419 439 459 599
03.08-10.08 7 419 439 459 599
10.08-17.08 7 419 439 459 579
17.08-24.08 7 399 409 439 569
24.08-31.08 7 369 379 399 529
31.08-07.09 7 319 339 359 479
07.09-14.09 7 279 299 329 409
14.09-21.09 7 209 229 249 359
21.09-28.09 7 139 149 169 239

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во ценате Е вклучено:

  • 7 ноќевања во студио
  • Безжичен интернет

Во ценате НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Паркинг
  • Доплата за клима уред  5€ на ден ( се плаќа во објектот )
  • Туристичка такса 1,5 евра на ден за соба (се плаќа во објектот)

 

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата