ВИКЕНД ВО ЦРНА ГОРА OСТРОГ 2024 - sk

Share on facebook

ВИКЕНД ВО ЦРНА ГОРА OСТРОГ 2024

20.09-22.09.2024 –
27.09-29.09.2024 –
04.10-06.10.2024 –
18.10-20.10.2024 –
25.10-27.10.2024
01.11-03.11.2024

– Будва – Котор Сутоморе- Бар –
3 ДЕНА СО 2 НОЌЕВАЊА-АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ СО ВИСОКО ТУРИСТИЧКИ АВТОБУС И СТРУЧЕН ВОДИЧ

МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ЛИЧНА КАРТА

TРАНСФЕР ОД ШТИП, ВЕЛЕС, КУМАНОВО, ТЕТОВО

ПЕТОК – Состанок на групата во 14.00часот паркинг Борис Трајковски и поаѓање за Црна Гора.Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Црна Гора (Сутоморе) во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.

САБОТА – Во 08.00часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Оние кои сакаат да останат да ноќеваат во манастирот ќе имаат можност да присуствуваат на попладневната молитва и во недела наутро се враќаат во Сутоморе. Околу 13 часот се враќаме во Сутоморе од Острог. Слободно попладне или можност за факултативна посета на Котор и Будва. Слободно време за прошетка во Котор каде може да се видат, плоштадот од оружје, Саат кулата, столбот на срамот, катедралата Св Трифун…. Потоа продолжуваме кон Будва, слободно време за прошетка низ градот од 2 часа. Враќање во Сутоморе. Ноќевање.

НЕДЕЛА – Во 09.00 часот. Поаѓање од Сутоморе за Свети Стефан-факултативно. Се упатуваме во посета на популарниот парк Милочер и ,,Краљичина палажа,,. Слободно време за уживање во убавините на најпопуларната плажа во Црна Гора. Околу пладне поаѓање за Сутоморе. Пред поаѓањето за Скопје попатна посета на Бар и посета на соборниот храм Св. Јован Владимир. Поаѓање за Скопје околу 15часот.Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

цена 2300 ден

Во понудата е вклучено

-превоз на релација Скопје -Црна Гора -Скопје
-2 ноќевања во Сутоморе-апартманско сместување
-посета на Острог и Бар
-организација и реализација на патувањето

Во понудата не е вклучено

– посета на Котор и Будва 10 евра
– посета на паркот Милочер 5 евра
– излетничка такса во Црна Гора 1 евро
– туристичка такса во Сутоморе 1 евро дневно по лице
-превоз до Горниот Манастир со комбиња 1 евро во правоз
– патничко-здравствено осигурување
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР 300ДЕН ( ШТИП, КУМАНОВО, ВЕЛЕС, ТЕТОВО)
*доплата за 1/1 соба 50% од аранжманот
* 20% попуст за деца до 12години

Реализација на понудата или откажување

За реализација на ова патување потребен е минимум од 40 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА Picnic Travel – Скопје.

НАПОМЕНА
ТА Picnic Travel го задржува правото на промена на редоследот во програмата Должината на слободното време зависи од објективни причини, агенцијата не учествува во организирање на слободното време на патниците