ВАРШАВА-ТОРУН-ГДАЊСК (28.11.2024-02.12.2024) аткк
НАЈУБАВИТЕ ГРАДОВИ И БОЖИЌНИ МАРКЕТИ ВО ПОЛСКА
ВАРШАВА-ТОРУН-ГДАЊСК
Со директен лет од Скопје
(28.11.2024-02.12.2024)
Во последните 400 години дури 43 пати се бореле за својата слобода… По сите војни кои ги воделе, вистинско чудо е што Пољаците успеале да сочуваат добар дел од своето наследство… Полска е родната земја на славниот композитор Фредерик Шопен, на значајни филмски уметници како Роман Полански, на Мараја Кири-првата жена која добила Нобелова награда, на Никола Коперник, првиот научник кој докажал дека Земјата не е центарот на Универзумот и дека во средиштето на ѕвездениот систем се наоѓа Сонцето… Полска е девета најголема Европска земја во која 90 % од жителите имаат завршено најмалку средно образование… И најверојатно последна држава во светот во која сеуште е застапена џентлменската пракса на дамите да им се бакнува рака!
Прв ден: 28.11.2024 (четврток)–Скопје-Варшава
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11.30 часот. Полетување за Варшава во 13.25 часот, слетување во 15:30 часот по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот Gromada Centrum 3* (https://www.gromada.pl/hotel-warszawa-centrum ) лоциран во срцето на Варшава што ни овозможува да сме во непосредна близина на многуте атракции во градот. Сместување на групата и слободно време за одмор од патувањето. Во договореното време заминуваме на организиран разглед на градот со лиценциран туристички водич: Зградата која е изградена по примерот на московската „Стаљинка“, Палатата на културата која е највисоката зграда во Варшава, па од главната Варшавска авенија продолжуваме во стариот дел од градот кој откако за време на Втората Светска Војна е целосно разрушен одновно е реновиран во целосно истиот лик и денеска е под заштита на УНЕСКО. Тука, на Плоштадот Plac Zamkowy се наоѓа и Кралскиот дворец Zamek Krolewskiв и Сигмундовиот столб висок 22 метри кој е најстариот и нависокиот црковен споменик во Варшава подигнат во 1644-та година во чест на владетелот кој во 1569-та година ја преместил престолнината од Краков во Варшава, со што Варшава станала главен град на Полска. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во метрополата која веќе живее во предновогодишна атмосфера. Пољаците се длабоко религиозен народ, христијанска нација која се смета за можеби последната вистинска на стариот континент, a Варшава е омилена туристичка дестинација особено за време на божиќниот саем кој е сместен во внатрешноста на одбранбените ѕидови на стариот град. Покрај традиционалните специјалитети од регионалната кујна , медењаците и вареното вино, ќе уживате и во уникатните божиќни украси изработени од стакло по чие производство Полска е позната во Европа. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Втор ден:29.11.2024 (петок)– Варшава-Торун
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки низ Полската престолнина која има по нешто за секој. За разлика од повеќето полски градови, Варшава која се простира на широко подрачје изобилува со различна архитектура, од готика до модеро стакло и челик. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме со автобус кон Торун, градот кој е под заштита на УНЕСКО токму заради прекрасните стари градски ѕидини и кој поради специфичната архитектура често пати е нарекуван “малиот Краков”. Сместување на групата во хотелот Solaris 3* (www.hotelsolaris.pl) , уникатен бутик хотел сместен во срцето на стариот град опкружен со историски стари куќи од 17. и 19. Век. Краток одмор од патувањето. Во договореното време заминуваме на организиран разглед на градот со лиценциран туристички водич: стариот град, главниот градски Плоштад, Катедрата на Свети Иван, рушевините на дворецот Dubowski. Слободно време за индивидуални прошетки низ стариот Градски Плоштад опкружен со средновековна архитектура на кој привршуваат сите подготовки за почеток на празничната божиќна бајка. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 30.11.2024 (сабота)- Торун-Гдањск
Појадок. Заминуваме на организиран разглед на Музејот на научникот Никола Коперник кој се наоѓа во стариот дел од градот во две згради- во едната од нив тој е роден. Музејот од отворен во 1960-та година и денеска тука се наоѓаат материјали и предмети кои му припаѓале на овој научник, различни портрети од астрономот како и предмети изработени во негова чест од страна на жителите на Торун. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме со автобус кон најсеверниот дел на Полска до Балтичкото Море каде се наоѓа еден од најубавите полски градови Гдањск кој е воедно и најзначајното полско пристаниште. Кога ќе стигнеме во Гдањск ќе имаме чувство дека сме стигнале во Скандинавија бидејќи градот го карактеризира стогодишна традиција на пристанишен град и живописни улици со неаполска архитектура под влијание на трговците од целиот свет. Сместување на групата во хотелот Artus 3* (https://hotelepolskie.com.pl/hotele/ ) во непосредна близина на строгиот центар на градот. Во вечерните часови индивидуални прошетки. Ноќевање.
Четврти ден: 01.12.2024 (недела)- Гдањск
Појадок. Организиран разглед на градот со лиценциран туристички водич. Не` очекува прошетка низ еден од најубавите делови на Полска. Освен по настаните од Втората Светска Војна, ова е градот во кој започнало познатото граѓанско движење започнало познатото граѓанско движење „Солидарност“ што го симболизирал отпорот на Народна Република Полска. Нејзин водач бил познатиот борец протов комунизмот и првиот претседател на модерна Полска Lech Walensa. Стариот град е испресечен со канали на реката Moltawe кои му даваат дополнителен шарм. Тука е Горската Врата-Кула на затворениците денес претворена во Музеј, Долгата улица која претставува главна градска улица која го дели стариот град, старата зграда на судот, црквата Вознесение на Дева Марија, најголемата циглеста црква на светот, Градското собрание Ratusz Glownego Miasta, Zuraw Gdanski -една од најживите улици во градот преполна со ресторани и кафетерии, како и пристанишната дигалка на реката која е еден од главните симоли на градот Гдањск. Слободно попладне за уживање во еден од најубавите божиќни маркети кој ќе ни приреди одлично празнично расположение во волшебна атмосфера надополнета со мириси на цимет, топло чоколадо и божиќни песни кои го исполнуваат срцето со радост. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Петти ден: 02.02.2024 (понеделник)- Гдањск-Варшава-Скопје
Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и имаме организиран трасфер до аеродромот во Гдањск. Летот кон Варшава е во 12.05 часот слетување во 13.05 часот. Во 14.40 часот полетуваме од Варшава, слетување во Скопје во 16. 45 часот.
Промотивна цена за уплата до 21.08.2024…….. 799 евра (49.540 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………859 евра (53.260 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Авионски билет Скопје-Варшава со вклучени аеродромски такси
- Авионски билет Гдањск-Варшава-Скопје со вклучени аеродромски такси
- Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 23 кг. по лице
- Сите трансфери вклучени во програмата
- 1 ноќевање со појадок во хотел 3 * во Варшава
- 1 ноќевање со појадок во хотел 3 * во Торун
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3 * во Гдањск
- Влезница во Музејот на Никола Коперник во Торун
- Лиценциран туристички водич за време на целото патување
- Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
- Доплата за еднокреветна соба – 140 евра
- Туристичка такса- 6 евра за сите ноќевања (се плаќа во агенцијата)
- Патничко осигурување
Напомена: За потврда на рецервација е неопходна задолжителна уплата од 300 евра (18.600 денари) најдоцна до 21. август. Целосна доплата на аранжманот до 15.10.2024
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници