АПРИЛСКА ПРИКАЗНА ВО ИСЛАНД (02.04.2025-06.04.2025) - atkk
АПРИЛСКА ПРИКАЗНА ВО ИСЛАНД
Родното место на Викинзите, троловите и митските суштества
(02.04.2025-06.04.2025)
Ве водиме во обиколка на Земјата на мразот и огнот, земјата „сопственик“ на вулканите, гејзерите, глечерите и водопадите, островот на кој се сретнуваат евроазиската и американската тектонска плоча. Се` на Исланд е неверојатно, а некои природни појави се толку магични што ни науката не може во целост да ги објасни. Исланд е едно мало место на планетата каде со малку среќа можеме да ја видиме поларната светлина– природниот феномен aurora borealis!
Прв ден: 02.04.2025 (среда) – Скопје – Франкфурт – Рејкјавик
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 13.00 часот. Полетување кон Франкфурт во 15.15 часот, слетување во 17:45 часот по локално време. Летот за Рејкјавик е во 21.45 часот, пристигнување во 23.30 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Grandi“ 4* во центарот на градот (https://www.centerhotels.com/en/hotel-grandi-reykjavik ). Ноќевање.
Втор ден: 03.04.2025 (четврток) – Рејкјавик – Плава Лагуна (Blue Lagoon)
Појадок. Разглед на градот и запознавање со најважните објекти: Зградата на Парламентот, Катедралата Hallgrimskirkja изградена во футуристички стил во знак на сеќавање на Исланскиот поет Halgrimur Peturson, шопинг улицата Laugavegur… Рејкјавик е сосема спротивен од типичните европски градови: ниски згради и куќи обоени во весели тонови, минимална фреквенција на сообраќај, едносмерни улици; многумина тврдат дека е заробен во дваесетите години од минатиот век а луѓето кои живеат во него намерно го негуваат тој романтичен изглед. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се упатуваме кон најатрактивниот спа центар на отворено, едно од 25-те светски чуда-Плава Лагуна. Станува збор за туристичката атракција создадена сред полињата од изладена лава во Националниот Парк „Svartsengi“. Слободно време за релаксација во термалната вода богата со минерали која доаѓа од 2000 метри длабочина со температура од околу 40 степени. Во вечерните часови враќање назад во хотелот во Рејкјавик. Слободно време за индивидуални активности и за користење на услугите во спа центарот во хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 04.04.2025 (петок) – Рејкјавик-Златен круг (Златниот водопад Gulfoss, Гејзерот Strokur и Националниот Парк Thingvellir)
Појадок. Заминување на групата на факултативно разгледување на најпопуларната рута „Златен круг“ која ги опфаќа најубавите природни убавини на Исланд. Националниот Парк Thingvellir од 2004-та година е под заштита на УНЕСКО заради природните феномени и авантури кои ги поместуваат границите на вообичаеното и нормалното. Доколку сте љубители на култната серија „Игра на тронови“, тогаш ќе уживате во овие фантастични локации каде се снимени најголем дел од сцените во серијата, особено оние со снег и мраз. Токму на ова место се спојуваат европската и северно атланската тектонска плоча што само по себе претставува несекојдневно искуство. Тука е „златниот“ водопад Gulfos кој воодушевува со својата совршено зелена, флуоросцентна боја, како и познатиот гејзер Strokur кој на секои шест до осум минути ја исфра водата во висина од 25 до 40 метри со температура од 120 степени. Тука на ова геотермално подрачје има околу четириесетина помали гејзери со топла вода од кои поголемиот дел само вријат под земја. Во доцните попладневни часови се враќаме назад во хотелот во Рејкјавик. Слободно време за индивидуални активности и за користење на услугите во спа центарот во хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 05.04.2025 (сабота) – Рејкјавик-Јужен Брег (Водопадите Skogafoss и Seljalandsfoss) – Франкфурт – Скопје
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме на целодневен факултативен излет кон живописниот град Вик кој се наоѓа на најужната точка од островот. Самиот пат до ова место е приказна за себе: менување на пејзажите од вулкански плажи до неверојатни камени формации. Градот е опкружен со драматични карпи и се наоѓа на плажата од црн песок од која може да се видат острите стени како извираат од морето. Ќе направиме пауза за прошетка и фотографирање на овој нереално убав амбиент. За време на излетot ќе го видиме 62 метри високиот водопад Skogafoss кој е еден од најголемите и најубавите водопади на Исланд како и водопадот Seljalandsfoss , масивен водопад до кој може лесно да се движиме. Слободно време за фотографирање на најживописните места од каде се простираат најубавите пејзажи на островот. Попатно ќе имаме можност да се воодушевуваме на прекрасната глетка на глечерот Sólheimajökull, долг околу 10 километри и широк околу два километри чии лекени брегови се отцепуваат и пловат кон Атланскиот Океан. Во вечерните часови се враќаме назад во Рејкјавик. Во договореното време организиран трансфер до аеродромот. Полетување кон Франкфурт во 00.25 часот по локално време, слетување во 05.55 часот. Летот за Скопје е во 11.35 часот, пристигнување во Скопје во недела на 06.04.2025 во 13.50 часот.
Промотивна цена за уплата до 25.11.2024 …….. 899 евра (55.740 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………999 евра (61.940 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Авионски билет Скопје-Франкфурт-Рејкјавик-Франфурт-Скопје со вклучени аеродромски такси
- Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
- Трансфери аеродром-хотел-аеродром
- 3 ноќевања со појадок во хотел „Grandi“4* во центарот на Рејкјавик
- Користење на спа центарот во хотелот
- Лиценциран туристички водич
- Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
• Пакетна цена за факултативните излети– 350 евра:
Плава Лагуна (трансфер и влезница); Златен круг (Златниот водопад Gulfoss, Гејзерот Strokur и Националниот Парк Thingvellir; Јужен Брег (Водопадите Skogafoss и Seljalandsfoss)
- Доплата за еднокреветна соба – 280 евра
- Туристичка такса – 7 евра по лице за сите 3 ноќевања (се плаќа во агенцијата)
- Патничко осигурување
Напомена: За потврда на рецервација неопходна е задолжителна уплата од 400 евра (24.800 денари). Целосна доплата на аранжманот до 28.02.2025
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници
SIMILAR OFFERS
-
ЕКСКУРЗИИ
ХОТЕЛ МУРА 3*- кон 2024 – 2025
-
ЕКСКУРЗИИ
Вила Јагода и Малина – кон – 2024 – 2025