Апартман АСТЕРИ - Полихроно - Лето 2024

Share on facebook

На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.

 
Апартман АСТЕРИ – Полихроно🔥
 
Се наоѓа на 50м од плажа, сместен на втори кат.
 
Располага со една спална соба со брачен кревет + дневна со кујна и петосед на спуштање. Апартманот е наменет за 4 лица.
 
✅ 2 балкони ✅ сопствено паркинг место ✅ клима, ✅ тв, ✅интернет.
 
ЦЕНОВНИК:
01.04 – 01.06-  40 Евра на ден 
01.06 -15.06 –  55 Евра на ден 
15.06 – 30.06 – 65 Евра на ден  
01.07 – 10.07 – 70 Евра на ден 
10.07 – 20.07 – 80 Евра на ден 
20.07 -20.08 – 95 Евра на ден 
20.08 – 31.08 – 80 Евра на ден 
01.09 – 10.09 – 60 Евра на ден 
10.09 – 30.09 – 50 Евра на ден 
 
Во цената е вклучена Т.такса, сопствено паркинг место, клима, тв и интернет.
 
 
За повеќе инфо ☎️074-747-606 ☎️ 071-209-999