ЈУБИЛЕЕН БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО РИМ - 07.12 до 10.12.2024 - атк
Share on facebook
CHRISTMAS MARKET JUBILEE 2025 – ROME
ЈУБИЛЕЕН БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО РИМ
07.12 – 10.12.2024 (3 НОЌЕВАЊА)
ПРОМО ЦЕНА – 489€ (30.320 мкд) со вклучен панорамски разглед на Рим
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 549€ (34.040 мкд)
Во чест на светата ЈУБИЛЕЈНА 2025 година зачекорете во Вечниот град кој веќе е подготвен да пречека спектакуларен број на верници и посетители од цел свет.
Рим – безвременскиот град,градот до кој водат сите патишта.Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање.Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно.Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела,и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација,тоа е неговото величество – грандиозниот Рим.
Историјата на градот ја создавале императори,папи и цареви,а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници.Рим ќе ве маѓепса со величенствените антички монументи,раскошни дворци,триумфални порти, колоритни плоштади,ренесансни фонтани,романтични фасади…
07.12.2024 СКОПЈЕ – РИМ (сабота)
Состанок на групата на интернационален аеродром Скопје. Лет од Скопје за Рим во 16:50 часот.Слетување во Рим на Фиумичино во 18:40 часот. Сместување во хотел.Слободно време за индивиуални прошетки и активности. Ноќевање.
08.12.2024 РИМ (недела)
Појадок.Организиран панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Разглед на Катедралата Св.Џовани Латерано,црквата на Пресвета Богородица, Плоштад Де ла Република,Виа Национале,Пјаца Навона,Пјаца Барберини, Пјаца дел Пополо,Виа Венето,Замок Свети Ангело, Вила Боргезе,плоштад Венеција,Римскиот Форум,Колосеумот,Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели),Фонтана ди Треви (најпознатата фонтана на желбите),Пантеонот (монументалниот храм во Рим),прошетка по најпознатата улица Виа дел Корсо…Слободно време за индивидуални активности.
09.12.2024 РИМОКАТОЛИЧКИ КАТЕДРАЛИ (понеделник)
Појадок.Факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на римокатоличките катедрали: Санта Марија Маџоре, Сан Џовани Латерано,црква Сан Пјетро ин Винколи… Прошетка до Колосеумот и црквата Сан Клементе со посета на капелата и гробот на Св.Кирил.По завршувањето на разгледот можност за индивидуална прошетка по познатата Виа дел Корсо или Виа Национале (главни шопинг улици).Ноќевање.
10.12.2024 РИМ – ВАТИКАН – СКОПЈЕ (вторник)
Појадок. Со метро заминување за Ватикан и средба со локалниот водич. Посета на Ватикан и Ватиканските Музеи,Катедралата Св. Петар, Сикстинската Капела, разглед на делата на Микеланџело,Рафаело,Бернини.По завршување на посетата на Ватикан ,слободно време за прошетка низ градот и индивидуални активности.Враќање во хотел. Трансфер од хотел до аеродром Фиумичино во 15:30 часот.Полетување за Македонија во 19:10 часот.Пристигнување во Скопје во 20:50 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
aвионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје;
рачен багаж максимум 8 кг со димензии (40 x 30 x 20 cm)
сместување во хотел 3* во центарот на Рим на база 3 ноќевања со појадок;
разглед на Рим со знаменитостите наведени во програмата со локален водич;
трансфер аеродром – хотел – аеродром;
организација и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
туристичка такса 4 евра од ноќ по лице;
пријавен багаж до 20 кг или 32 кг – информација во агенција;
доплата за 1/1 соба – 120 евра
влез и разглед на Ватикан со локален водич – 80 евра;
факултативна посета на Римокатоличките катедрали – 20 евра;
влезница за црква Св.Климент и гробот на Св.Кирил – 10 евра;
резервација за влез во црква Санта Марија Маџоре – 5 евра;
метро карти – 2 евра по правец ;
сите други влезници за локалитетите и други неспоменати услуги;