ЈОРДАН -АУ- НОВА ГОДИНА 2023 -
Древна земја со посебен шарм и неверојатна историја. Изобилува со легенди и традиции, богато културно наследство и архитектонски атракции, а тука секако е и обалата на прекрасното корално Црвено Море, како и лековитите води на Мртвото Море. А пустината… е тоа е посебна мистерија која треба да се доживее. Јордан заслужено зазема посебно место во развојот на светските цивилизации и религии.
Петра – фасцинантна по својата убавина, привлекува милиони посетители, а целиот град е како уметничко дело насликано на платно од природен камен. Откриена е во 1812 година од швајцарскиот истражувач Јохан Буркхарт, Петра сè уште продолжува да не изненадува со своите тајни и убавини! Сместенa е на листата на УНЕСКО но и на листата на седумте светски чуда. Колку и да читате за неa, колку и да е добро и детално опишано, не може да се спореди со чувството и возбуда кога ќе ja ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО! Дали сте подготвени за оваа авантура?
Вади Рум или познат како „Долината на Месечината“,е арапска бајка која чека да биде откриена. Дом на номадските бедуински племиња. Некогаш населен со Набатејци од праисторијата, Вади Рум ви овозможува да се изгубите во големите пејсажи. Спокојството на пустината сигурно ќе ви го смири духот и ќе ви ги ослободи мислите.
Акаба – Туристички центар на обалата на најубавото корално Црвено Море. Идеална дестинација за комбинирање на одмор и плажа со градски живот, шопинг и историја.
ЈОРДАН – НОВА ГОДИНА 2023
АМАН • МРТВО МОРЕ • ПЕТРА • ВАДИ РУМ • АКАБА
Групно празнично патување со лет од Скопје и богата програма со вклучени разгледи, посети, тури… А новогодишната вечер – под ѕвезденото небо на мистериозната пустина Вади Рум!
26.12.2022 – 02.01.2023
ЈОРДАН – Нова Година 2023
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
Пристигнување во Аман окулу 03.50 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, пречек од страна на локален партнер и трансфер до 4* хотел. Сместување во соби. По одморот и појадокот продолжуваме со разглед на Аман, престолнината на Кралството Јордан. Ќе запознаеме со културата на Хашемитското кралство, со посета на Цитаделата, Римскиот театар, старата џамија, но и со посета на новиот модерен дел на Аман. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
ЗАБЕЛЕШКИ:
» За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
» Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
» За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
» За овој аранжман важат општите услови на организаторот на патувањето.
» Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
» Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Јастребац за 8ми март – ГТ
-
Uncategorized
САРАЕВО – 8ми Март 2022 -ЛТ-
-
Uncategorized
ВИЛА АРГО – НЕА ПОТИДЕА – АТК