Спа во Лутра за 8 ми Декември - ВТ -
СПА ВО ЛУТРА ЗА 8 –ми Декември
Термин – 08.12-10.12.2022
08.12.2022 –Скопје – Полихроно
Состанок на групата во 05:00 часот на паркингот пред Хотел Вип.Поаѓање кон Солун и пристигнување во утринските часови . Организирана посета на Цркавата Св.Димитрија Солунски – светец заштитник на градот Солун .По посетата слободно време за шопинг и кафе по најпознатата улица Виа Иганција и уживање во предновогодишата и божиќна атамосфера низ градот . Во договорено време поаѓање за Полихроно . Сместување во Вила PINE RESORT , оценета на booking со 9,4 или во Вила Михаела . Слободно време за прошетка низ Полихроно . Ноќевање .
09.12.2022 Полихроно – Лутра
Во договорено време поаѓање кон спа центарот Лутра- Агија Параскеви , позната по својата термална бања чии третмани лечат болески на коските и мускулите , можете да уживате во хидромасажи третмани за тело и пливање во внатрешен и надворешен базен со температува од 34-36 степени . Во вечерните часови ве покануваме на дружба со домакините на вилата со мала закуска и традиционалното Узо или Ципуро и секако музика за расположение и паметење на ова наше убаво дружење .Ноќевање .
10.12.2022 – Неа Фокеа – Скопје
Во договор со групата заминуваме кон Неа Фокеа и посета на најпознатата црква Св. Апостол Павле – скриена во карпа.Многу икони и подароци на верници е првата слика што ке ја видите кога ке влезете во ова светилиште , но без разлика дали сте верник или не нема да останете рамнодушни а да не влезете низ тесните скали , низ тесниот коридор каде што има света вода што може да се напиете и да си наполните за здравје , а до таму може да стигнете само со клекнување и поминување низ карпата .Доколку ни дозволува времето можност за кафе пауза Афитос во еден од најпознаите кафе барови и во договорено време поаѓање кон Скопје .Пристигнување во Скопје во вечерните часови .
Цена по лице – 69 € сместување во вила Михаела
Цена по лице – 79 € сместување во Pine Resort
Во цената се вклучени следните услуги :
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- 2 ноќевања во Полихроно во одбрана вила
- Сместувањето е во двокреветни и трокреветни апп
- Организација на патувањто и туристички придружник
- Дете од 2-12 год. со двајца возрасни плаќа 70 % од цената за возрасен
- Дете до 2 год бесплатно и без седиште во автобус
Во цената не се вклучени следните услуги :
- Туристичка такса 1 € од ден се плака во агенција
- Влезница во спа Центарот – 8€ – опционално
- Патничко осигурување
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување на Пикник Травел
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Нови Сад и Белград за 8ми март – ГТ
-
Uncategorized
ИСТАНБУЛ – 8ми Март 2022 – ЛТ –
-
Uncategorized
ВИЛА ДИОГЕНИС – НЕА ПОТИДЕА – АТК – LETO 2023
-
Uncategorized
BUDVA – New Year