СОЛУН / КУШАДАСИ / КРИТ (ХЕРАКЛИОН) / САНТОРИНИ / МИКОНОС /МИЛОС / АТИНА - 8 дена

Share on facebook

ТЕРМИН: 16.Април 2023

Атракции на патувањето:
✔ Зајдисонце во Санторини*(во зависност од временските услови)
✔ Цел ден во Миконос и Милос
✔ Посета на Атина

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 

1.ден (недела)  16.04.2023           СКОПЈЕ – СОЛУН  
Состанок на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 06:30 часот. Поаѓање кон Грција во 07:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони.
Пристигнување во Солун во пладневните часови. Трансфер до пристаништето и комплетирање на формалностите за влез на бродот и запознавање со бродот Celestyal Crystal. Во вечерните часови, го напуштаме фасцинантниот и живописен град и испловуваме кон нашата прва дестинација. Ноќевање.

2.ДЕН (понеделник) 17.04.2023       КУШАДАСИ
Нашето утринско пристигнување во Кушадаси, ни дава цел ден за активности и доживувања, доволно време за да го истражиме шарениот град со многубројни хотели, ориентални продавници, ресторани и кафетерии, убави плажи, кој е крајбрежната порта до античките урнатини на Ефес, познат по едното од седумте чуда на античкиот свет – храмот на Артемида. Ноќевање.

3.ДЕН (вторник)   18.04.2023         КРИТ (ХЕРАКЛИОН)
Деновите во кои крстариме помеѓу грчките острови ги започнуваме со Крит кој е најголемиот остров на Грција и петти по големина во Медитеранот. Место на митови и легенди. Ќе имате можност да го посетите главниот град Хераклион, запознаете дел од неговата извонредна историја и да дознаете повеќе за уметноста и креативноста на античките Минојци. Ноќевање.

4.ДЕН (среда)  19.04.2023                    САНТОРИНИ 
Нашата одисеја продолжува кон Санторини, каде ќе поминеме една вечер и чие неверојатно лице е веднаш препознатливо низ целиот свет. Сигурни сме дека ќе ви го одземе здивот, со високите пејзажи, нанижани варосани куќи во главниот град Фира, неверојатното зајдисонце  и, се разбира, иконската црква со сина купола во Иа. Не заборавајте да посетите еден од многуте ресторани наредени на работ на калдерата.
Во вечерните часови можете да истражувате во слободното време или едноставно да се опуштите на палубата пиејќи коктели или чаша убаво вино. Ноќевање.

5.ДЕН (четврток)  20.04.2023             МИКОНОС 
Островот на ветровите не очекува. Имаме цел ден за разгледување и прошетки низ стариот град со неговите беспрекорно варосани куќи, кривулестите улички, убави мали цркви и прекрасни ресторани на работ на брегот. Несомнено ќе ја препознаете разгледницата со  бели ветерници наредени една до друга, со поглед кон морето. Ноќевање.

6.ДЕН (петок)   21.04.2023                   МИЛОС 
Можеби ќе спиете кога ќе заминеме од Миконос, но набргу ќе бидеме во Милос, островот на боите. Ќе имате време да го истражите главниот град Плака, катакомбите стари 2.000 години или едноставно да го впиете сонцето на рамните карпи на прекрасната плажа Саракинико. Вистинската убавина на овој навистина прекрасен остров може да се најде во неговите зачудувачки пејзажи, карпестите формации извајани од ветровите и морето, меките песочни плажи, осамени заливи и кристално чисти аквамарински води. Во уметноста Милос е овековечен со прекрасната Милоска Венера, едно од најпознатите дела на античката скулптура, кое е видно изложено во Музејот Лувр.Ноќевање.

7.ДЕН (сабота)   22.04.2023                  АТИНА 
Пристигнување во Атина за ден на уживање, во грчки стил, можете да изберете како да го поминете денот. Да ги посетите спомениците што ги знаете од легендите и историјата? Да се восхитувате на погледот на градот од Акропол? Или купувајте подароци за да го споделите вашето патување со најблиските дома! Се зависи од вас.
Откријте ја величествената античка Атина од возбудливите митови и легенди, неповторливите уметнички дела, совршени антички градби, мислите на големите филозофи и поети, колевка на демократијата и западната цивилизација. Впуштете се во современиот тек на комополитскиот град, со модерна и урбана архитектура, богат културен живот и динамично секојдневие. Го напуштаме историскиот и класичен главен град на Грција и отпловуваме на нашето ноќно патување до Солун.Ноќевање.

8.ДЕН (недела)   23.04.2023          СОЛУН – СКОПЈЕ 
Пристигнување во Солун околу 10:00 часот. Ја  завршуваме сопствената Егејска Одисеја носејќи со себе нови спомени и незаборавни искуства. Напуштање на бродот во претпладневните часови. Патувањето продолжува кон Македонија, со попатни кратки застанувања. Пристигнување во Скопје во вечерните  часови.

Цена на аранжманот: ПАКЕТ INCLUSIVE

Редовна цена за внатрешна кабина (тип IA): 719 €
Цена во претпродажба за резервации до 22.Март: 699 € по лице

Редовна цена за надворешна кабина (тип XA): 769 €
Цена во претпродажба за резервации до 22.Мар : 749 €

 

Попусти за деца и возрасни, во придружба на 2 возрасни лица:
при сместување во тип на кабина IA:
3 и 4 возрасен -100 € (попуст)
2-11,99 години -190 € (попуст)
3 месеци до 1,99 години -276 € (попуст)

при сместување во тип на кабина XA:
3 и 4 возрасен -150 € (попуст)
2-11,99 години -240 € (попуст)
3 месеци до 1,99 години -326 € (попуст)

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус/минибус Скопје-Солун-Скопје
• сместување во кабини од понудениот избор, на бродот Celestyal Crystal
• пристанишни и други такси
• бакшиш
• полн пансион (појадок, ручек и вечера)
• селектирани пијалоци вклучени во оброците во главниот ресторан (не важи во специјални ресторани)
• дневни и ноќни активности, забавна програма, анимација
• *попуст на екскурзии од 75 € по лице (со резервација пред поаѓање)
• забава и дневни активности на брод
• придружник од агенцијата за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• останати екскурзии
• услуги во салон за убавина и СПА центар
• интернет
• медицински услуги
• патничко осигурување
• доплата за пакет ENHANCE (240 €)

ДОПЛАТА ЗА ПАКЕТ ENHACE: за само 240 €
Вклучува:
– Премиум пакет на пијалоци (возрасни и деца)
– Дополнителни 75€ попуст на екскурзии
– Интернет WiFi пристап (1h на ден)
– Попуст до 25% на speciality menu во Aegean ресторан

Напомени:
– Промени во рутата на патување се можни во случај на неповолни временски услови
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.

Опис на кабини за сместување:

IA – Внатрешна кабина
– Внатрешните кабини на палубата 3 (~ 11 м2) можат да сместат до 4 лица со два единечни кревети, трет/четврт кревет, бања со туш, клима уред, телефон, фен, сеф и ТВ.

XA – Прозорски кабини
– Надворешните кабини на палубата 2 (~ 11 м2) можат да сместат до 4 лица со два единечни кревети, трет/четврт кревет, бања со туш, клима уред, телефон, фен, сеф, ТВ и бар.

_____________________________

>>> ЕКСКУРЗИИ НА КРСТАРЕЊЕ <<<

ЗОШТО ДА РЕЗЕРВИРАМЕ CELESTYAL  ЕКСКУРЗИЈА
Дестинациите на крстарење со Celestyal се  меѓу  највозбудливите, историски, сликовити и предизвикувачки екскурзии во светот.
Придружете ни се на трите ноќни маршрути и нурнете во прекрасните искуства на живеење, доживејте ги митовите и легендите на Античкиот свет, откривајќи стари цивилизации и следејќи ги стапките на големите личности од историја. Од класичната Атина до прекрасниот Миконос, воодушевувачкиот Ефес, Патмос, Крит и зачудувачкиот Санторини.
Ќе бидете изненадени од она што можете да го видите и направите за само неколку дена. Ќе почувствуваме дека патуваме на сопствена одисеја преку Егејот.
Специјално дизајнираните екскурзии ќе го збогатат вашето Celestyal искуство со стручните водичи кои ве водат чекор по чекор низ вашето патување и доживување на историјата. Понекогаш во историјата не е лесно да се утврди каде завршуваат фактите, а започнуваат легендите. Тоа секако ќе ја разгори вашата имагинација и ќе се придружите за да дознаете. Навистина е предизвик, кога велиме дека секој момент е дестинација и „секоја дестинација е чудо“.

ПАКЕТИ НА ЕКСКУРЗИИ
Откријте го “истражувачот“ во вас и уживајте во пакетите на екскурзии со попуст.
(Ако се качите од друго пристаниште, ве молиме контактирајте не за вашите достапни пакети.)

Пакет екскурзии со попуст од 15% (вклучува):
✔ Панорамски разглед на Солун (THS-06)
✔ Античкиот Ефес низ вековите (KUS-02)
✔ Пејсажите на Миконос со Хора и Малата Венеција (MYK-06)
✔ Милос – чекор назад во времето (MIL-02)
Цена на пакетот ВОЗРАСНИ 257 €, ДЕТЕ 190 € (вклучува 15% попуст)
Со цена INCLUSIVE : ВОЗРАСНИ 182 €, ДЕТЕ 115 €
Со цена ENHANCE :   ВОЗРАСНИ 107 €, ДЕТЕ 40 €
Цените се по лице со применет попуст

Пакет екскурзии со попуст од 10% (вклучува):
✔ Античкиот Ефес низ вековите (KUS-02)
✔ Минојската палата на Кносос – 1-ва европска цивилизација (HER-02)
✔Спектакуларното село Иа сместено на работ на Калдерата на Санторини (SAN-01)
Цена на пакетот ВОЗРАСЕН 213 €, ДЕТЕ 159 € (вклучува 10% попуст)
Со цена INCLUSIVE: ВОЗРАСНИ 138 €, ДЕТЕ 84 € 
Со цена ENHANCE:   ВОЗРАСНИ 63 €, ДЕТЕ 9 € 
Цените се по лице со применет попуст

НАПОМЕНИ
· Сите времиња и редослед на посети се предмет на промена во зависност од сообраќајниот метеж на локациите и временските услови.
· Реализацијата на турите е во зависност од периодот на патување во текот на годината – ве молиме проверете во моментот на резервација.
· За реалзиација на екскурзии потребно е минимално број на патници, според правилата и условите.
· Ве молиме внимавајте на кодот на облекување при влез во верски објекти; нозете и рамената треба да бидат покриени (без шорцеви), долги здолништа (под коленото).
· Условите и правилата се достапни на: www.celestyalcruises.com/shorex-conditions

_____________________________

АНТИЧКИОТ ЕФЕС НИЗ ВЕКОВИТЕ
Цена: 79 € Возрасен / 59 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: KUS – 02

АНТИЧКИОТ ЕФЕС И ТЕРАСЕСТИТЕ КУЌИ
Цена: 89 € Возрасен / 66 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: KUS – 07

МИНОЈСКАТА ПАЛАТА ВО КНОСОС – ПРВА ЕВРОПСКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА
Цена: 79 € Возрасен / 59 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: HER – 02

СПЕКТАКУЛАРНОТО СЕЛО ИА НА РАБОТ НА КАЛДЕРАТА НА САНТОРИНИ
Цена: 79 € Возрасен / 59 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: SAN – 01

прикажи помалку 

 Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

 Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!