СИЦИЛИЈА-БИСЕРОТ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈУГ- АТКК
СИЦИЛИЈА-БИСЕРОТ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈУГ
Обиколка на целиот остров со посета на Сплит и Дубровник!
ТАОРМИНА-ЕТНА-СИРАКУЗА-КАТАНИЈА-НОТО-МОДИКА-РАГУЗА-СИВОКА-ПАЛЕРМО-МОНРЕАЛ-ЧЕФАЛУ-АГРИЏЕНТО-ПИАЦА АРМЕРИНА
(02.07.2022-12.07.2022)
Земја на митови и легенди, чудовишта и богови… Земја на раскошно културно наследство и природни богатства…На листата на желбите на сите освојувачи… Под будното око на застрашувачкиот и воедно восхитувачки вулкан Етна… Легендата вели дека кога Господ го создавал светот, шестиот ден бил задоволен од тоа што го направил и спуштил бакнеж на земјата… токму на тоа место денес е Сицилија! Убавината на Сицилија не може да се опише, таа треба да се доживее… Ако на островот не Ве привлече неговата историја, приказните за мафијата ниту шармантните Сицилијанци на кои три работи им се најважни во животот: храната, фудбалот и жените, тогаш тоа нека биде најубавиот сладолед на светот… Без оглед на се` што сте читале за Сицилија, кога ќе ги отворите очите за нејзината убавина, таа ќе Ве разоружа со својот шарм… посебна, дива, возбудлива, сурова и магична… Најпосакуваната летна резиденција на царевите, аристократите и банкарите!
После неа, ништо нема да биде исто…
Прв ден:02.07.2022 (сабота)- Кавадарци-Скопје-Блаце
17:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 19:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции)кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Блаце. Ноќно патување преку Косово, Албанија и Црна Гора со попатни паузи за одмор.
Втор ден: 03.07.2022 (недела)- Будва-Херцег Нови-Дубровник-Сплит-Анкона
Пристигнување во Сплит во пладневните часови. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Разгледување на градот со локален туристички водич: Диоклецијановата Палата, Катедралата на Свети Дујме, Плоштадот опкружен со ренесансни палати и старото Градско Собрание… Во попладневните часови се упатуваме кон пристаништето и се сместуваме на бродот. Од 20.00 часот започнува ноќната пловидба кон Италија.
Трет ден:04.07.2022 (понеделник)- Анкона-Сан Џовани-Месина-Таормина-Гиардини Наксос
Пристигнување во Анкона околу 07.00 часот наутро. Патувањето го продолжуваме со автобус преку Италија кон Сан Џовани, местото од каде со траект преминуваме на островот Сицилија, во градот Месина. Од таму се упатуваме кон најубавото летувалиште во Сицилија-Таормина. Сместување на групата во Giardini Naxos во хотелот „Sporting Baia“ 4****(https://www.hotelsportingbaia.com/ ). Слободно попладне за индивидуални активности и за плажа на Јонското Море. Ноќевање.
Четврти ден: 05.07.2022 (вторник)- Етна-Сиракуза-Катанија- Гиардини Наксос
Појадок. Заминување на групата кон најголемиот активен вулкан во Европа – Етна, висок 3340 метри кој има околу 400 угасени и неколку активни кратери. Пристигнуваме до висина од 1980 метри. Патот не` води по црни бразди низ кои некогаш течела вжештената лава. Кога ќе стигнеме до надморска висина од 1000 метри се забележува се` поретка вегетација, а кон врвот на вулканот има само остатоци од изладена лава и пепел. Слободно време за прошетки околу старите угасени кратери. Од таму заминуваме кон грчката колонија Сиракуза, родното место на древниот грчки научник Архимед, еден од најзначајните градови на Медитеранот. Посета на историски дел во кој се наоѓа прочуената фонтана на нимфата Arteuze–Fonte Aretusa , Градското Собрание и остатоци од Аполоновиот Храм за кој се верува дека е најстар на Сицилија, како и барокната катедрала изградена во VII век на темелите на големиот старогрчки храм кој бил посветен на богињата Atina. Посета на археолошкиот парк, грчкиот театар, дионизијевото уво, хероновата ара…. Продолжуваме кон Катанија, преубав град на брегот на Јонското Море каде ќе прошетаме покрај Катедралата во која се наоѓа капелата на Sv.Agata -заштитничката на градот, Плоштадот со кипот на слон, дел од градот во бароктен стил со градби од црн вулкан, Универзитетскиот Плоштад, Римскиот амфитеатар…Во вечерните часови се упатуваме кон монденското летувалиште Таормина. Прошетка низ главната улица, палатата Corvaia, Црквите Sv. Katerina и Sv. Nikola, Плоштадот 9-ти април… Враќање во хотелот во Гиардини Наксос. Ноќевање.
Петти ден: 06.07.2022 (среда)- Ното-Модика-Рагуза-Гиардини Наксос
Појадок. Ден предвиден за уживање во барокната област на Сицилија со фасцинантната архитектура. Заминуваме најпрво кон градот Ното кој уште се нарекува „камената градина“ бидејќи со преубавите градби и скулптури издлабени во камен претставува престолнина на сицилијанскиот барок. Потоа продолжуваме кон Модика, градот кој уште го нарекуваат„Градот на скалите“ поради неговата интересна висинска локација и стотици скали што водат од долниот до горниот дел од градот. Во минатото, Модика бил важен политички, економски и културен центар, а денес е еден од најинтересните и најпрепознатливиградови во Сицилија. Историскиот центар на градот е вклучен во Списокот на светското наследство на УНЕСКО. Тука можете да пробате чоколадо кое сеуште се прави по стариот рецепт уште од времето на шпанските освојувачи:со вкус на лута пиперка, бадеми, цимет, лимон, сол…Денот ни завршува со посета на Рагуза, градот кој во земјотресот во 1693 година бил целосно срамнет со земја за повторно да биде обновен во XVIII век. Овој необичен град е поделен на два дела и токму заради фасцинантната барокна архитектура го има статусот на град под заштита на УНЕСКО. Враќање во хотелот во Гиардини Наксос. Ноќевање.
Шести ден: 07.07.2022 (четврток)- Савока-Чефалу
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон западниот брег на островот. Попатна посета на едно од најубавите села во Италија-Савока. Селото ја стекнало својата популарност заради легендарниот филм „Kum“-токму тука прославениот Frensis Ford Kopola ја снимил култната сцена на свадбата на главниот јунак на филмот, Majkl Korleone, син на мафијашкиот бос. Зборот „кум“ се нашол во мафијашкиот речник по молбите на многу сиромашни луѓе некој од моќните кланови да им го крсти новороденото дете. Подоцна тоа дете било заштитетно со презимето на кумот, а кланот имал корист од децата кои ги крштевале. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето го продолжуваме кон живописниот град Чефалу, бисерот на Тиренското Море. Сместување на групата во хотелот „Santa Lucia Le Sabbie D`Oro“ 3*** (https://lesabbiedoro.it/). Слободно попладне за индивидуални активности и за плажа. Ноќевање.
Седми ден: 08.07.2022 (петок)- Монреал-Палермо-Чефалу
Појадок. Денот е резервиран за патувањето низ срцето на Сицилија преку фантастични патишта и пејзажи. Пристигнуваме во Монреал, мал град сместен веднаш над долината позната по насадите со маслинки,бадеми и портокали. Посета на раскошната катедрала Duomo di Monrealeпрочуена по живописните византиски мозаици од злато во која се крштевале, венчавале и се погребувале членовите на норманските кралски семејства. Катедралата е изградена во XII век и се до XX век била веднаш до црквата Свети Петар во Ватикан и била најмноќна во Италија. Потоа продолжуваме кон Палермо, главниот град на Сицилија, петти по големина во Италија. Импресивна глетка на кралската палата Normana, катедрала од XII век која ја граделе првите сицилијански кралеви, плоштадите Kvatro kantiиPretoriaи најголемиот театар во Италија Masimo. Во попладневните часови враќање назад во хотелот во Чефалу. Слободно време за индивидуални активности и за плажа. Ноќевање.
Осми ден: 09.07.2022 (сабота)- Агриџенто-Пиаца Армерина-Чефалу
Појадок. Заминуваме кон јужната страна на островот во областа Агриџенто. Посета на античкиот локалитет Долина на храмовите Valle dei Templi,едно од најзначајните места на островот Сицилија. Од 1997 година остатоците од дворските храмови се наоѓаат на листата на УНЕСКО како најубави споменици од античко време надвор од границите на денешна Грција. Источната зона е најимпресивниот дел од долината, бидејќи има извонредни урнатини- најзначајните знаменитости се наоѓаат по должината на главната улица Виа Сакра. Таа води кон првиот храм – храмот на Херкулес. Тоа е најстариот храм во долината и е втор по големина. Столбовите на храмот се направени од златен песок и мермерни малтери, насликани со црвена и светло сина боја. По главната улица се наоѓа Храмот на хармонијата – грчко светилиште, исклучително добро сочувано, а во западната зона првото интересно место е Алтаре Сакрифале, каде што се принесувале како жртва волови. До него се наоѓа најголемиот доријски храм чија изградба започнала во 480 п.н.е.Giunone, храмот на богот Зевс и храмот Concordia кој не случајно е избран за лого на УНЕСКО. По завршувањето на разгледот се упатуваме кон градот Пиаца Армерина каде ќе ја посетиме уникатната сенаторска резиденција од времето на Римското ЦарствоVilla Imperiale del Casale која до денес ги има сочувано најубавите подни римски мозаици во светот вклучени во списокот на УНЕСКО. Враќање во хотелот во Чефалу. Ноќевање.
Девети ден: 10.07.2022 (недела)- Месина-Сан Џовани-Бари
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон градот Месина, а од таму со траект преминуваме во Италија. Дневно патување со попатни паузи. Во доцните попладневни часови пристигнуваме во Бари и се упатуваме кон пристаништето. Сместување на бродот. Од 22.00 часот започнува ноќната пловидба кон Дубровник.
Десети ден: 11.07.2022 (понеделник)- Дубровник-Скопје-Кавадарци
Пристигнување во Дубровник околу 08.00 часот наутро. Организиран разглед на еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах, главниот заштитник на Дубровник... Разгледување на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време заминуваме кон Македонија. Пристигнување во вторник, 12.07.2022во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………699 евра (43.340 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Напомена: Цена на аранжманот за сместување на бродот во надворешни кабини со прозор, туш и тоалет –769 евра (47.680 денари)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Превоз со брод на релација Сплит-Анкона
– Превоз со брод на релација Бари-Дубровник
– Превоз со траект на релација Сан Џовани-Месина-Сан Џовани
– Бродски такси
– Седиште на бродот во двата правци(комфорно авио седиште) или сместување во надворешни кабини со прозор, туш и тоалет
– Три ноќевања со појадок во хотелот „Sporting Baia“ 4**** во Giardini Naxos-Таормина
– Три ноќевања со појадок во хотелот „Santa Lucia Le Sabbie D`Oro“ 3*** во Чефалу
– Влезница за археолошкиот парк во Сиракуза
– Влезница за Катедралата во Монреал
– Влезница за Долината на Храмовите во Агриџенто
– Влезница за Римската вилаво Пиаца Армерина
– Лицениран туристички водич за сите излети вклучени во програмата
– Организација и лиценциран придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Доплата за еднокреветна соба – 100 евра
– Доплата за еднокреветна кабина– 50 евра
– Туристичка такса – 12 евра за сите 6 ноќевања (се плаќа во агенцијата)
– Патничко осигурување
НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Милано-Лугано-Комо-Верона – 23ти октомври
-
ЕГЗОТИКА
МАЛДИВИ 23 ЈУНИ ОД 1399 ЕВРА
-
ЕГЗОТИКА
Израел и Јордан лет од Скопје – АТС