САРАЕВО И МОСТАР (11ти-Окт)
Од 8000 МКД
Опис
11-ти октомври
(07.10 – 11.10)
ПРОМО ЦЕНА ЗА 1/3 СОБА
129€ ПО ЛИЦЕ
ПРОМО ЦЕНА ЗА 1/2 СОБА
139€ ПО ЛИЦЕ
Повеќе инфо од хотелот на следниот линк.
ВАЖНО
- 1. УБАВИНИТЕ НА САРАЕВО (30€)
- Посета на Врело Босне
- Тунел Спаса
- Пешачки разглед на стариот дел на Сараево
- Посета на Босанските пирамиди во Високо
- Обезбеден локален водич за времетраење на целиот излет
- 2. МОСТАР (45€)
- Посета на Титовиот бункер во Коњиц
- Посета на музејот Јабланица, посветен на жртвите во Битката на Неретва
- Пешачки разглед и посета на Мостар
- Обезбеден локален водич за времетраење на целиот излет
Маршута
1.ДЕН (07.10) Скопје – Вишеград – Сараево
Состанок со групата на паркингот кај С.Ц Борис Трајковски во вечерните часови, околу 21:00ч. Поаѓање. Патувањето се одвива преку Република Србија со попатни паузи.
2.ДЕН (08.10) Вишеград – Сараево
Во раните претпладневни часови влегуваме на територијата на Босна и Херцеговина. На само 20км од границата се наоѓа малото но преубаво гратче – Вишеград. Ќе имаме прилика да го видиме познатиот мост израген по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ, а опишан во најпознатото дело на Иво Андриќ “ Мостот на Дрина”. Дополнителна можност за организирање на факултативно крстарење по Дрина! Исто така за време на посетата на Вишеград ќе имаме прилика да го посетиме и Андричград исто така познат како камен град чиј инвеститор е најпознатиот српски тенисер – Новак Ѓоковиќ…Патувањето го продолжуваме кон Сараево. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности.
3.ДЕН (09.10) Сараево
Појадок. По појадокот следува целодневен факултативен излет кадешто ќе имате прилика да се запознаете со убавините на Сараево:
Излетот го започнуваме со посета на “Врело Босне” односно изворот на реката Босна, којшто се наоѓа во близина на хотелот кадешто сме сместени. Овој извор и парк после комплетна реставрација и обнова во 2000-та година покрената од млади тинејџери и невладини еколошки организации претставува и една од најпознатите и најзначајни атракции во Сараево. Одлично место за прошетка и релаксација низ природните убавини коишто ги нуди овој извор…
Потоа продолжуваме кон уште една значајна знаменитост за Сараево а тоа е “Тунел Спаса”. Овој тунел бил изграден по аеродромската писта за време на опсадата на Сараево во 1993г и бил чуван во најстрога тајност поради тоа што служел за пренесување на основни прехрабени производи, облека, воена опрема и слично…Должината на овој тунел изнесува 785м, а денеска претставува туристичка атракција и воедно мини музеј, бидејки во него се изложени воени слики и експонати од војната во Босна….
По посетата на Тунел Спаса, се упатуваме кон срцето на Сараевно, односно стариот дел на Сараево кадешто ќе имате можност преку пешачки разглед да се запознаете со едни од најпознатите и најзначајни знаменитости на Сараевно со локален водич, како што се: Себиљ, Безистан, Џамија Гази Сухерев Бег, Вијечница, Инат куќа, Латинска чуприја …. Во центарот на Сараевно ќе направиме и пауза за ручек, кадешто ќе можете да ги дегустирате највкусните традиционални босански рецепти (наша препорака: Сараевски ќебапи)…
По краткиот одмор продолжуваме со нашиот разглед упатувајки се кон местото Високо коешто е лоцирано на 40км од Сараево, а кадешто ќе имаме прилика да ги посетиме “Босанските пирамиди”. Пред повеќе од 10 години, во Босна било пронајдено големо откритие кое го шокирало светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди биле пронајдени од страна на Др.Семир Османгич. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација…
Во попладневните часови се враќаме назад кон нашиот хотел…Слободно време за индивидуална прошетка, одмор и релаксација… Ноќевање.
4.ДЕН (10.10) Мостар
Појадок. По појадокот следува факултативна посета на уште еден преубав босански град – Мостар, којшто е лоциран на 130км јужно од Сараево. Попатно ќе имаме прилика да ги посетиме и Титовиот бункер во местото Коњиц, како и музејот во Јабланица посветен на жртвите во Битката на Неретва.
Нашата прва дестинација е “Титовиот бункер”. Овој бункер почнал со изградба во далечната 1953г по наредба на тогашниот претседател и врховен командант на СФР Југославија – Јосип Броз Тито. Бункерот бил граден цели 26 години во најголема и најстрога тајност, односно за бункерот знаеле само 4 генерали на тогашната ЈНА и работници коишто работеле на изградбата. Намената на овој бункер била да Јосип Броз Тито, неговото семејство и неговите најблиски соработници можат да се сокријат и да бидат на безбедно во случај на атомски напад врз Југославија. Постојат навистина интересни и фасцинантни приказни поврзани со самиот бункер, а ќе имаме прилика да ги слушнеме од страна на стручниот локален водич којшто ќе не води низ просториите на бункерот…
Излетот го продолжуваме кон нашата следна дестинација, односно “Музејот Јабланица” посветен на жртвите во битката на Неретва лоциран во Јабланица, а исто така групата ќе има прилика да ги види локациите каде што е сниман познатиот филм “Битката на Неретва”…
По посетата на Јабланица се упатуваме кон градот Мостар, каде што нашиот локален водич ќе не запознае со интересните историски приказни поврзани за овој град. Секако, како најпозната атракција во Мостар ќе го посетиме стариот мост на реката Неретва од каде што се прават и најубавите фотографии. Покрај стариот мост, во Мостар има многубројни атракции кои вредат да се видат, меѓу кои е и улицата Кујунџилук каде што се лоцирани стари занаетчиски продавнички, сувенирници и други продавнички…Слободно време за ручек, кафе и индивидуална прошетка низ уличките во Мостар… Враќање назад кон нашиот хотел во Сараево. Ноќевање.
Вклучува / Не вклучува
- ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Комплетна организација со пратител на патувањето
- Превоз со модерен туристички автобус на наведените релации
- Посета и разглед на Вишеград и Андричград
- 3 ноќевања со појадок во хотел “Hollywood” 4* во Сараево (базен, теретана, сауна…)
- ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Индивидуални трошоци
- Патничко здравствено осигурување
- Туристичка такса – 1€ по ноќ по лице
- Факултативни излети и посети со локален водич
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
ВИЛА FAMILIA – НЕИ ПОРИ – СП
-
Uncategorized
Краков (Полска) за 8-ми Март -ЕСТ
-
Uncategorized
8ми Март во Херцег Нови и Требиње – АТКК –
-
Uncategorized
ВИЛА ФИЛОКСЕНИА – Неа Врасна – атк – ЛЕТО 2025