Нова Година 2025 во СОКОБАЊА - стф
31.12-02.01.2025
Хотел Бањица- ПРОМО ЦЕНА-279 евра по лице (17.299,00 мкд)
РЕДОВНА ЦЕНА-299 евра по лице (18.540 мкд)
Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртањ на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал
Хотелот Бањица се наоѓа во мирниот дел на Соко Бања, во близина на бањскиот парк и атрактивните пешачки стази на почетокот на кањонот на реката Моравица и на 15мин.пешачење до центарот на Сокобања.
Програма на патување: 31.12-02.01.2025
31.12.2024 (Вторник) Скопје-Сокобања
Состанок на групата на паркингот на ВИП Хотел во 05.30часот. Поаѓање за Сокобања во 06.00часот. Се патува преку Табановце со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
Пристигнување во Сокобања. Сместување во Хотел Бањица , кој е сместен во прекрасна борова шума, на 15мин пешачење до цантарот. Слободно време. Прошетка низ поширокиот центар на Сокобања (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за одмор.
Вечерта дочек на Новата Година во Хотел Бањица, со забавна музичка програма и богато мени.
Ноќевање.
01.01.2025-(Среда) Сокобања
Појадок. Организирано дружење во центарот на Соко бања (“Башта отвореног срца”).
Враќање во хотел. Ручек.
Слободно време за индивидуални активности или можност за посета на термалните базени во Соко Терме.
Вечерта организирана свечена вечера во хотелот со.
Ноќевање.
02.01.2025-(Четврток)-Сокобања-Скопје
Поајадок. Во 10.00час одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности.
Во 12.00час. поаѓање кон Македонија.
Пристигнување во Македонија во доцните попладневни часови.
Цената на аранжманот вклучува:
*Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
*2 ноќевања со појадок, ручек и вечера
*Две свечени вечери на 31.12 (трубачи и лутрија) и на 01.01, со богато мени со музичка програма
*Неограничени домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци на 31.12
*Организирано дружење во центарот на Сокобања
*Користење на џакузи базенот
*Организација и придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
*Здраствено и патничко осигурување (200мкд)
*Индивидуални трошоци (влезница за во термалните бањи)
Мени за свечена вечера:
31.12- Новогодишна закуска, пита со павлака, шницла “Бањица”, свинско и јагнешко печење, салата од свеж зеленчук, новогодишна торта
01.01-Ордевер “Бањица”, похован кашкавал со татар сос, 3 парчиња месо на скара, салата од свеж зеленчук, баклава или тулумба
Попусти:
- Деца до 12год, во 1/3 или 1/4 соби со новогодишно мени-50% попуст
- Намалување за сопствен превоз -10€/ 620мкд
Напомена:
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред тргнување.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 10 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultrafirst или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Пасошот или личната карта треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
SIMILAR OFFERS
-
ЕКСКУРЗИИ
Вила Јагода и Малина – кон – 2024 – 2025
-
ЕКСКУРЗИИ
22 ДЕКЕМВРИ ВО ДУБАИ – св