Лисабон за Велигден - АТС
1
(22.04.2022 – петок) СКОПЈЕ – ЛИСАБОН
Состанок на патници на аеродромот 2 часа пред полетување. Полетување за Лисабон во 20:50 (преку Истанбул), слетување во Лисабон во 10:30 часот, локално време наредниот ден.
2
(23.04.2022 – сабота) – ЛИСАБОН
Пристигнување во Лисабон во 10:25 часот по локално време. Трансфер до хотел со организиран панорамски разглед на градот: Плоштад Маркис де Помбал, Авенија Слобода, Плоштад Рестаурадорес, Росио, плоштад Комерсио, кула Белем, манастирот Свети Џером, Споменик на откритијата, панорама на тврдината Свети Ѓорѓија….Сместување во хотел. Слободно време за одмор.Индивидуални вечерни прошетки.Враќање во хотел. Ноќевање.
3
(24.04.2022 – недела) ЛИСАБОН – СИНТРА – КАБО ДА РОКА – КАСКАИС – ЛИСАБОН
Појадок. Целодневна факултативна екскурзија „Синтра и Лисабонската ривиера“. Синтра е живописен град оддалечен околу 30 километри од Лисабон. Обиколен е со пошумени ридови и има специфична микроклима, па со векови била летна резиденција на португалските кралеви, до револуцијата во 1910 година. Разглед на палатата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија изградена во стилот на романтизмот од 19 век. Се наоѓа на рид над градот Синтра, а поради својот луксуз и убавина е вклучен на листата на светско културно наследство на УНЕСКО како едно од 7-те чуда на Португалија. Палатата е препознатлива по живите бои со кои се обоени нејзините тераси и кули и на тој начин претставуваат совршен контраст на зеленилото што го опкружува. Кабо да Рока е најзападната точка на Европа, чии географски координати се симболично испишани на камениот обелиск лоциран на карпеста карпа на 140 m надморска височина. Тоа е самиот крај на планинскиот венец Синтра, кој океанските бранови со абразија го претвориле во р’т, длабоко потопен во Атлантскиот Океан. Патувањето продолжува кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, кое е поврзано со Есторил. Денес и двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи. Враќање во Лисабон. Ноќевање.
4
(25.04.2022 – понеделник) – ЛИСАБОН
Појадок. Слободен ден, можност за посета и обиколка на Паркот на нациите, комерцијалниот и станбен кварт Лисабон кој претрпе голема трансформација по повод World Expo 98 – најголемиот затворен океанариум во Европа (билетот е околу 13 евра); или возење со жичарница со панорамски поглед на мостот Васко де Гама, најдолгиот мост во Европа, околу 17 километри. Вечерта можност за посета(факултативно) на типичен ресторан со ФАДО програма и фолклор инспириран од обичаите во различни области на Португалија. Ноќевање.
5
(26.04.2022 – вторник) ЛИСАБОН – ОБИДОС – АЛКОБАСА – БАТАЛЈА – НАЗАРЕ – ЛИСАБОН
Појадок. Целодневна факултативна екскурзија „Обидос, Алкобаса, Батала, Назарет“, можност за запознавање со централниот дел на Португалија. Обидос е најубавиот и најдобро зачуваниот средновековен град во земјата и е целосно опкружен со тврдина висока 13 метри која датира од 12 век. Познат е и како „град на свадбените подароци“ бидејќи кралот Дениш и го подарил на својата сопруга кралицата Изабела за време на нивната венчавка во 1282 година. Тоа е, без сомнение, едно од најромантичните и најживописните села, карактеристично по тесни, калдрмани улички, двострано се издигаат шарени куќи покриени со цвеќиња, со карактеристични готски врати и прозорци и рачно насликани „azuležos“ плочки. Алкобаса е град познат по манастирот Света Марија, најголемата црква во цела Португалија од 12 и 13 век и еден од спомениците на листата на култура под заштита на УНЕСКО. Во манастирот се погребани најпознатите вљубеници во португалската историја – кралот Педро I и Инес Се Кастро, а нивните гробници се сметаат за најубави готски релјефни скулптури во историјата на португалската уметност. Во Баталја се наоѓа манастирот Санта Марија да Витрија, најголемото ремек дело на португалската готска уметност. Изграден е на крајот на 14 век по победата на Португалија над Кастилја и е на листата споменици под заштита на УНЕСКО. Бројните накитени столбови, кули и балустради од далечина делуваат како чипка. Назаре некогаш е најпознатото рибарско село во Португалија, познато по своите карактеристични рибарски чамци со интензивна боја, денес живописно и прометно туристичко место со долги плажи, одлични рибни ресторани и пазари. Враќање во Лисабон. Ноќевање.
6
(27.04.2022 – среда) ЛИСАБОН – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите и организиран трансфер до аеродромот во Лисабон. Полетување за Скопје (преку Истанбул) во 11:25, слетување во Скопје во 20:00 часот.
Дополнителни информации
ЦЕНА : 719 Евра ( 44.578 мкд.)
Во цената е вклучено :
- ü Повратен авио билет Скопје – Лисабон – Скопје (преку Истанбул)
- ü Аеродромски такси
- ü Чекиран багаж
- ü Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- ü 4 ноќевања со појадок, во Hotel Anjos 3* (или сличен на наведениот)
- ü Панорамски разглед на Лисабон
- ü Организација на аранжманот и асистенција од партнер агенцијата во Лисабон
Цената НЕ вклучува:
- ü Туристичка такса , 2 евра од ноќ по лице (се уплаќа во хотел)
- ü Билети за јавен транспорт
- ü Задолжително патничко осигурување (информација во агенција)
Факултативни разгледи:
- ü ЛИСАБОН – СИНТРА – КАБО ДА РОКА – КАСКАИС – 80 €
- ü ЛИСАБОН – ОБИДУШ – АЛКОБАСА – БАТАЛЈА – НАЗАРЕ – 80 €
- ü Влезница за палатата Пена – 20 €
- ü ФАДО вечера, со пијалок – 60 €
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФАКУЛТАТИВИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА !!!
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот и копија од валидна патна исправа
- Целосна уплата на аранжманот е 20 дена пред почетокот на истиот
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- За реализирање на факултативите каде што се користи трансфер, минимум пријавени патници 16.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
- Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А Пикник Травел
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
ВИЛА FAMILIA – НЕИ ПОРИ – СП
-
Uncategorized
Јастребац за 8ми март – ГТ
-
Uncategorized
BELGRADE – New Year