Вила Gyalos Beach има одлична локација во Неос Мармарас на вториот крак. На само 50м од најубавата плажа на Неос Мармарас, кај фудбалското игралиште. Од содржини располага со двор, веранда и скара, нема свој паркинг, гостите ги оставаат своите возила пред самиот објект. Има вкупно 9 студија од кои: 5 модерно опремени двокреветни (4 со директен поглед кон море и 1 со директен поглед кон планина и странично кон море обележан во ценовникот со SSV), 2 трокреветни студија на приземје (најавено реновирање во 2023) и 2 четворокреветни студија на приземје. Сите се опремени со соодветен мебел, клима (доплата 5 евра од ден за користење директно на сопственикот), интернет Wi-Fi, ТВ, комарник, тоалет, балкон/тераса, мини кујна, мала и голема крпа/пешкир по лице. Вилата е одличен избор за фамилии и парови кој сакаат да се блиску до одлична плажа и градски содржини во модерно опремени соби.
1/2 Studio Sea View | 1/3 Studio | 1/2+2 Studio | |
Термини | Цена | Цена | Цена |
19.05-26.05 | 219 | 239 | 239 |
26.05-02.06 | 275 | 295 | 295 |
02.06-09.06 | 300 | 320 | 320 |
09.06-16.06 | 360 | 380 | 380 |
16.06-23.06 | 399 | 419 | 419 |
23.06-30.06 | 445 | 465 | 465 |
30.06-07.07 | 498 | 518 | 518 |
07.07-14.07 | 568 | 588 | 588 |
14.07-21.07 | 578 | 598 | 598 |
21.07-28.07 | 578 | 598 | 598 |
28.07-04.08 | 599 | 619 | 619 |
04.08-11.08 | 599 | 619 | 619 |
11.08-18.08 | 578 | 598 | 598 |
18.08-25.08 | 567 | 588 | 588 |
25.08-01.09 | 478 | 498 | 498 |
01.09-08.09 | 389 | 409 | 409 |
08.09-15.09 | 359 | 379 | 379 |
15.09-22.09 | 329 | 349 | 349 |
22.09-29.09 | 199 | 219 | 219 |
Цените во табелата се изразени за наем на студио за 7 ноќи во евра, без превоз
Што е вклучено во цената
* Сместување во Студио за 7 ноќи
Што не е вклучено во цената
* Превоз до избраниот објект во Грција.
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса по соба од ноќ
Важно
– Доплата за туристичка такса 1.5 евра по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
SIMILAR OFFERS
-
1 КРАК - КАСАНДРА
ВИЛА KOSTAS – Неа Потидеа – атк – ЛЕТО 2024
-
1 КРАК - КАСАНДРА
ВИЛА SOFIJA – Ханиоти – мгн – ЛЕТО 2024
-
1 КРАК - КАСАНДРА
ВИЛА ZAFIRIJA – Полихроно – мгн – ЛЕТО 2024