ВИЛА ASTERIA - Евиа Едипсос - ск - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Eвија, вториот по големина остров во Грција или трет на источниот Медитеран, се наоѓа на одалеченост од околу 490 км од Скопје. Богатата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, мноштвото убави плажи и термални извори, ја чинат Евиа една од најпопуларните дестинации помеѓу домашното население. Главниот град на островото е Халкида, која во минатото била еден од најразвиените и највлијателните градови во Античка Грција. Ова острово е богато со археолошки наоѓалишта, манастири, традиционални села, како и повеќе хотелски комплекси. Со своите туристички содржини, нуди различни можности за богат одмор и забава. Најпопуларни туристички места на островото се градчињата Пефки, Лимни и Едипсос.

Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.

 

ВИЛА АСТЕРИА – ЕДИПСОС

Вила Астериа е една од поубавите вили во Едипсос. Се наоѓа на околу 100м од термалните извори и од плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на приземје и на кат. Секое студио е опремено со кујна и садови согласно бројот на кревети во собата, купатило, тв, клима и тераса (двор) и интернет. Вилата има рецепција, бар и лифт.

– 20% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.12.2023

СМЕНА ПЕРИОД     ½ СТУДИО 1/3 СТУДИО
1 25.05-01.06 120 ПРОМО 130 ПРОМО
2 01.06-08.06 130 ПРОМО 140 ПРОМО
3 08.06-15.06 160 165
4 15.06-22.06 180 185
5 22.06-29.06 200 205
6 29.06-06.07 220 225
7 06.07-13.07 240 245
8 13.07-20.07 240 255
9 20.07-27.07 270 275
10 27.07-03.08 270 275
11 03.08-10.08 270 275
12 10.08-17.08 270 275
13 17.08-24.08 260 265
14 24.08-31.08 250 255
15 31.08-07.09 230 235
16 07.09-14.09 210 215
17 14.09-21.09 180 185
18 21.09-28.09 160 165

 

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

Цените се по лице (7 ноќевања со превоз),

трето и четвтро лице гратис сместување во студио

* За патување со сопствен превоз од цената се намалува 20 евра по лице.

Доплата за превоз и траект ( за оние кои имаат гратси сместување)

65 евра за возрасни

45 евра за деца до 12 години

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар “Борис Трајковски”)
– Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 01:30 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во 02:00 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во 02:30 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција: – Истиот ден попладне.

–          Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.

–          Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.

–          Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.

–          Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

–    За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,

Промо цените се со пресметан попуст за рана уплата и не се одбива за патување со сопствен превоз.

–   Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат

*Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.

*Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

*Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

НАПОМЕНА

Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот,

ТА Пикник травел не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.

Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.

Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот.

Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.

Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.

Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.

Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување