ВИЛА ЈАДРАН - Улцињ - ид - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Вила Јадран е лоцирана во мирниот дел на Улцињ, на 350 метри од Големата плажа. На 2 мин. пешачење од вилата се наоѓаат неколку маркети, пекара, слаткарница и разни продавници за сувенири и гардероба. Вилата располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студија. Сите соби се комплетно опремени со фрижидер, сопствен тоалет со туш кабина, ТВ, Wi-Fi, клима (вклучена во цената) и балкон. Кујната е заедничка за гостите, но во секоја соба има фрижидер. Вилата поседува соствен паркинг за гостите.

КООРДИНАТИ: 41.91584103587592, 19.236607583335317

 

ЦЕНОВНИК – ВИЛА ЈАДРАН УЛЦИЊ 2024
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ОД ДЕН
ТИП НА СОБА ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
1/2 43 45  
1/3 50 52

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ПО НОЌ!

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Туристичка такса (1€ по лице од ден – се плаќа во вилата)
– Автобуски превоз


ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА ЦРНА ГОРА:
– Скопје (Aвтобуска станица) – 45€
– Куманово (Автобуска станица) – 45€
– За деца (02-11.99 год.) се одобрува 50% попуст
– За билет во еден правец се одбива 15€

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
– За резервација задолжително е уплата на аванс 30% од вкупниот износ, а остатокот се доплаќа најдоцна 20 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)
– Уплатата може да ја извршите директно во агенција или на жиро сметка
– Користењето на собите собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден во 09:00 ч. (багажот се остава на рецепција)
– Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
– За хигиената на собите се грижат самите гости
– Сите настанати штети за време на престојот се на терет на патникот
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
– Се патува преку Косово и Албанија
– За оваа понуда важат општите услови за патување на Т.А Picnic TRAVEL.