ВИЛА КРИСТИНА – Полихроно - бсп - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Полихроно е лоциран на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Опкружен со  медитеранска вегетација и долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Денес  во Полихроно живеат повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, ресторани, кафулиња, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како  пици и друга брза храна.

Вила Кристина се наоѓа 20 метри од главната градска плажа на веднаш до шеталиштето каде се наоѓаат продавници, ресторани, кафетерии… Вилата располага со 1/3 студио на прв спрат 1/4 студија  на приземје прв кат и втор кат со поглед на море и 1/4 апп на втор спрат со поглед на море, опремени со комплетна кујна, ТВ, клима, сопствен тоалет. Секое студио и апартман имаат сопствен балкон.

Ред ТЕРМИН 1/3стд 1/4стд 1/4апп

(Поглед море)

1/4 стд

(Поглед море

 
1 19.05-26.05.2024 129* 139* 149* 139* ПРОМО
2 26.05-02.06.2024 159* 169* 179* 169* ПРОМО
3 02.06-09.06.2024 189* 199* 209* 199*  
4 09.06-16.06.2024 229* 249* 259* 249*  
5 16.06-23.06.2024 259* 269* 279* 269*  
6 23.06-30.06.2024 289* 299* 309* 299*  
7 30.06-07.07.2024 489 499 509 499  
8 07.07-14.07.2024 549 559 569 559  
9 14.07-21.07.2024 589 599 609 599  
10 21.07-28.07.2024 589 599 609 599  
11 28.07-04.08.2024 609 619 629 629  
12 04.08-11.08.2024 619 619 629 619  
13 11.08-18.08.2024 619 619 629 619  
14 18.08-25.08.2024 549 559 569 559  
15 25.08-01.09.2024 499 509 519 509  
16 01.09-08.09.2024 269* 279* 289* 279*  
17 08.09-15.09.2024 239* 249* 259* 249*  
18 15.09-22.09.2024 159* 169* 179* 169*  
19 22.09-29.09.2024 129* 139* 149* 139* ПРОМО
20 29.09-06.10.2024 109* 119* 129* 119* ПРОМО
  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Термините со * се однесуваат на цени по лице со вклучен превоз. Минимум уплата на две лица. Трето, четврто и петто лице доплаќаат само превоз 45€ по лице.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За сопствен превоз не се одбива од цената
  • Се одобрува 10% попуст за рана уплата – до 15.02.2023 ( минимум 50% уплата) (-5% од 16.02. – 15.04.2023)
  • Попустите за рана уплата не важат за промо пакетите
  • Попустот важи само на редовни цени.
  • Задолжителна доплата на туристичка такса во вилата од 1,5€ по соба на ден
  • Клима и WIFI се вклучени во цената
  • За спојување на два термина – 10% од вториот термин
  • Не се комбинира со попустот за рана уплата и не важи за промо пакетите
  • Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената. Може да се извади во било која осигурителна компанија
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • За хигиената, за време на престојот се грижат гостите
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои не можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
  • Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот најдоцна 15 дена пред реализација на аранжманот. Услови за рана резервација : потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни цени.

Превоз

Цена за превоз на релација Скопје – Халкидики (секоја недела)

Повратен билет 45 евра

Поаѓање од МК

  • Скопје (Дрводекор) – 04:00 часот
  • Велес ( Бензиска пумпа Макоил) – 04:30 часот
  • Неготино (бензиска пумпа на автопат) – 05:00 часот
  • Граничен премин – 06:00 часот

Поаѓање од Грција

  • Пефкохори – 14:00 локално (13:00 мк време)
  • Ханиоти – 14:15 локално (13:15 мк време)
  • Полихроно – 14:30 локално (13:30 мк време)
  • Калитеа – 15:00 локално (14:00 мк време)

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се опредени доцнења, за кои однапред се извинуваме.