ВИЛА АНДРОМЕДА ЈОАНИС – Пефкохори(четврток) - стб - ЛЕТО 2024

Share on facebook

На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.

 

ОПИС:

 “Андромеда Јоанис ” – (прв категорија по локална категоризација). За оние кои сакаат мирен одмор, без градската гужва, но и оние кои сакаат удобност вила  “Андромеда Јоанис ” можи да ви го понуди тоа. Лоцирана во мирниот  дел на Пефкохори, на мал рид над црквата, одма под хотелот Атриум. Од центарот одалечена е на околу 300 м. а од плажата е околу 550м. или 8 мин одење. Во рамките на Вила “Андромеда Јоанис ” имате можност за користење на следново:

  • два базени (голем и мал за деца),
  • лежалки и чадори покрај базен( користењето е БЕСПЛАТНО), ТОАТАЛ – ТВ
  • тушеви
  • сауна (со доплата од 5 евра за 2 часа користење),
  • скара (користењето е бесплатно, но месото и ќумурот ги обезбедувате сами),
  • паркинг – БЕСПЛАТНО,
  • остава каде последниот ден можи да се остави багажот

 

Објектот содржи трокреветни студија и четворокреветни апартмани, со прекрасни тераси (некои гледат во грдината некои на базен).

Студиа:  Три кревети (кауч + два стандардни кревети), кујна (фрижидер, шпорет со рерна, садови), клима (вклучена во цената), ТВ, купатило и пространа тераса.
Апартмани: Спална соба со француски или два стандардни кревети, дневна со софа, трпезарија, кујна (фрижидер, шпорет со рерна , садови), клима (вклучена во цената), ТВ, купатило и пространа тераса.

Сликите служат да дадат општ впечаток за објектот. Содржината на објектот или апартманот, како и различните типови на соби може да се разликуваат.

Check in: 14:00h.
Check out:09:00h.

Важна Напомена: За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студиата поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

GPS: 39.985320294732205, 23.6110449865084

 

 ПОПУСТИ:

-15% попуст за резервација со 50% уплата до 31.01.2024
-10% попуст за резервација со 50% уплата до 28.02.2024
-7% попуст за резервација со 50% уплата до 10.05.2024

 

 

 

 ЦЕНОВНИК:

Период Ноќи 1/3 студио 1/4апартман Коментар
16.05-23.05.2024 7 139 159 промо
23.05-30.05.2024 7 169 199 промо
30.05-06.06.2024 7 209 229 промо
06.06-13.06.2024 7 239 269  
13.06-20.06.2024 7 289 329  
20.06-27.06.2024 7 329 359  
27.06-04.07.2024 7 369 399  
04.07-11.07.2024 7 499 549  
11.07-18.07.2024 7 499 549  
18.07-25.07.2024 7 509 559  
25.07-01.08.2024 7 509 559  
01.08-08.08.2024 7 529 579  
08.08-15.08.2024 7 529 579  
15.08-22.08.2024 7 499 559  
22.08-29.08.2024 7 409 459  
29.08-05.09.2024 7 329 359  
05.09-12.09.2024 7 289 329  
12.09-19.09.2024 7 199 219 промо
19.09-26.09.2024 7 159 179 промо

Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд

Во цената е вклучено:

  • 7 Ноќевања,
  • Интернет (Wi-fi)
  • Клима
  • Тотал ТВ
  • Паркинг
  • Базен (лежалки безплатно)
  • Туристичка такса 1,5 евра на ден 

Во цената не е вклучено:

  • Превоз,
  • Патничко осигурување,

 

ПРЕВОЗ:

Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики (ЧЕТВРТОК) време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04;00 45 €
Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол) 04;30 45 €
Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес 03;40 60 €
Неготино – (БП Неготино) 05;00 45 €
Граничен премин – (БП Шимов) 06;00 45 €

 

Цена по лице за превоз Битола- Халкидики (ЧЕТВРТОК) време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 05;00 40 €
Прилеп – (БП Селида), трансфер до Битола 04;15 40€
Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола 03;15 50 €
Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола 03;30 50 €
Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола 04;15 50 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

Локално (грчко) време македонско време летовалиште
15:00 14:00 Калитеа
14:45 14:00 Полихроно
14:30 13:30 Ханиоти
14:15 13:15 Пефкохори

Услови:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин.
  • Попустите не може да се комбинираат.
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената. По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување.
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

Отказ на резервации:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Важат Општите услови на Т.А.Пикник Травел.