Вила Алекс -Полихроно 2022 СТБ
На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.
Вила “АЛЕКС” се наоѓа на само 10 метри од плажа во центарот на градот. Вилата се состои од 1/3 апартман и 1/4 апартман со поглед море. Апартманите се опремени со шпорет, фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица ,ТВ, тераса ,бања и приватен паркинг.
1/3- апартман со поглед море -одделна спална соба , кујна со дневна + тросед на спуштање во дневната соба.
1/4 апартман со поглед море -2 спални соби (француски кревет + два единечни ) дневна соба + одделна кујна.
Период |
Ноќевања |
1/3 апартман |
1/4 апартман |
Коментар |
22.05-29.05.2022 |
7 |
119€ |
129€ |
промо |
29.05-05.06.2022 |
7 |
149€ |
159€ |
промо |
05.06-12.06.2022 |
7 |
184€ |
195€ |
|
12.06-19.06.2022 |
7 |
283€ |
285€ |
|
19.06-26.06.2022 |
7 |
338€ |
371€ |
|
26.06-03.07.2022 |
7 |
388€ |
404€ |
|
03.07-10.07.2022 |
7 |
404€ |
435€ |
|
10.07-17.07.2022 |
7 |
424€ |
460€ |
|
17.07-24.07.2022 |
7 |
440€ |
480€ |
|
24.07-31.07.2022 |
7 |
440€ |
480€ |
|
31.07-07.08.2022 |
7 |
440€ |
480€ |
|
07.08-14.08.2022 |
7 |
440€ |
480€ |
|
14.08-21.08.2022 |
7 |
420€ |
460€ |
|
21.08-28.08.2022 |
7 |
382€ |
404€ |
|
28.08-04.09.2022 |
7 |
302€ |
338€ |
|
04.09-11.09.2022 |
7 |
239€ |
272€ |
|
11.09-18.09.2022 |
7 |
199€ |
220€ |
промо |
18.09-25.09.2022 |
7 |
149€ |
159€ |
промо |
Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Во цената е вклучено:
- 7 Ноќевања
- клима уред
- wi-fi.
Во цената не е вклучено:
- Превоз
- патничко осигурување
Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:
- Битола ( Автобуска станица Транскоп -на перо) – 35€ по лице
- Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола – 35€ по лице
- Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 40€ по лице
- Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 45€ по лице
- Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 40€ по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 40€ по лице
Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја Недела):
- Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице04:30 h
- Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) –35€ по лице
- Куманово (бензинска пумпа,Макпетрол)-35€ по лице
- Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес– 45€ по лице
- Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
- Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово –45€ по лице
- Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
- Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице
- Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена за Скопје, Битола и Прилеп
- Деца до 1,99 години бесплатно
С-ТРАВЕЛ го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
- За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
- Попустите не може да се комбинираат,
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Важат Општите услови на Т.А. Пикник Травел.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Будимпешта (Унгарија) за 8-ми Март – ЕСТ
-
Uncategorized
Јастребац за 8ми март – ГТ
-
Uncategorized
ИСТАНБУЛ – 8ми Март 2022 – ЛТ –
-
Uncategorized
ВИЛА АРГО – НЕА ПОТИДЕА – АТК