Белград со Нови Сад – Нова Година 2023- LB
БЕЛГРАД – Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Неверојатната гостопримливост и незаборавната забава се обележјето на овој град!
ТЕРМИН: 30.12-02.01.2023
Цена на аранжманот: 119 еур / 7.380 ден.
1.Ден 30.12.2022 (Петок)
Состанок со групата во Кочани 23:00 часот. Организиран превоз од Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.
2.Ден 31.12.2022 (Сабота)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3.Ден 01.01.2023 (Недела)
Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн. Слободно индивидуално време во центартот на градот. Враќање во Белград во вечерните часови. Слободно време за индивидуални активности.Ножевање.
4.Ден 02.01.2023 (Понеделник )
Појадок. Одјавување од хотел. По појадок посета на трговски шопинг центар GALERIJA. Слободно време за шопинг, ручек, прошетка. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
- Разглед на Белград со локален водич
- Посета на храм Св. Сава
- Посета на Калемегдан
- Посета на Кнез Михајлова улица
- Посета на трговскиот центар ГАЛЕРИЈА
- Организација и водство на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување 200 мкд
- Туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
- Факултативен излет до Нови Сад со водич – 25 еур
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
НАПОМЕНИ:
- Т.а. Пикник Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби
- Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањетo.
- Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
- Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
- Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. Пикник Травел и на самата агенција.
- Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
- Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Пикник Травел
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Нови Сад и Белград за 8ми март – ГТ
-
Uncategorized
8. Март во Опатија и островот Крк – ATKK
-
Uncategorized
ВИЛА АРГО – НЕА ПОТИДЕА – АТК