АПАРТХОТЕЛ FLESVOS - Пефкохори - аткк - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Локација: Апартхотел Флесвос се наоѓа во централниот дел на Пефкохори, на само 120 метри од плажата.

Опис: Располага со двокреветни студија со дополнителен кревет (фотелја на расклопување), сместени во спуштено приземје и на спрат. Секоја сместувачка единица има опремена кујна, бања/тоалет, ТВ, WiFi интернет и клима уред (употребата е вклучена во цената на аранжманот). Сите студија имаат тераса. Постелнината и крпите се менуваат еднаш за време на престојот на гостите. Вилата има рецепција и џакузи базен на покривот (бесплатно користење за гостите на хотелот). Поради својата исклучително добра локација (во самиот центар на градот, со базен, а недалеку од плажата), апартхотелот Флесвос се препорачува за сите категории на туристи.

 

10 % попуст за целосна уплата до 31.12.2023

ПОНУДАТА Е ИСКЛУЧИВО СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

 

– 1/2+1 STD SP i 1/2 STD SP се наоѓаат во спуштено приземје

– Наведените попусти се однесуваат на цената во табелата

Туристичката такса не е вклучена во цената и се плаќа на лице место во објектот

Цената на аранжманот е изразена во евра по лице без вклучен превоз

– Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62

 

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.