АВАНТУРА ВО РОВАНИЕМИ - 10.10.2024-14.10.2024- аткк

Share on facebook

АВАНТУРА ВО РОВАНИЕМИ-AURORA BOREALIS!

ПОЛАРНА СВЕТЛИНА ВО ЛАПОНИЈА, ЗЕМЈАТА НА ДЕДО МРАЗ

 

(10.10.2024-14.10.2024)

 

Прв ден: 10.10.2024 (четврток)Скопје-Истанбул-Хелсинки

 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06.30 часот. Полетување кон Истанбул во 08.40 часот, слетување во 11:15 часот по локално време. Летот за Хелсинки е во 15.00 часот, пристигнување во Хелсинки во 18.35 по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до железничката станица. Можност за индивидуални прошетки низ главниот град на Финска. Патувањето до градот Рованиеми го продолжуваме во 23.13 часот со ноќниот воз во кој сите патници се сместени во двокреветни кабини за спиење. Ноќевање во возот.

 

 

Втор ден: 11.10.2024 (петок)– Рованиеми

 

11:03 часот – Пристигнување во Рованиеми – главниот град на Лапонија, најсеверниот регион на Финска. Трансфер со автобус од железничката станица до хотелот „Aakenus“ 3 *, во непосредна близина на центарот на градот. Го оставаме багажот и магијата може да започне. Линијата која го одбележува местото низ кое поминува арктичкиот поларен круг се наоѓа токму тука, каде туристите најчесто се фотографираат. Заминуваме на организиран разглед на градот кој живее за зимата бидејќи на секој чекор ќе не` среќаваат обележја на ирваси-почнувајќи од аеродромот кој е осветлен со седум светлечки ирваси, па се до проектирањето на градот од најпознатиот фински архитект Алвар Аалто, со улици распоредени во облик на роговите на ирвасот. Но ова, се разбира, не можете да го забележите додека шетате низ градот. Една од најубавите работи која можеме да ја видиме во Рованиеми е тематскиот Музеј и Научен Центар Арктикум кој ќе Ви го одземе здивот уште со самата необична полукружна градба со огромна, долга стаклена галерија. Тоа е еден од  најдобрите музеи во Финска, а изложбените простори вклучуваат арктичка флора и фауна, природни костими кои ги носеле северните народи, мебел, риболовни материјали. Со посетата на овој Музеј во потполност ќе успееме да се запознаеме со културата на северниот народ и со природните феномени. Во договореното време се враќаме во хотелот. Во вечерните часови сите гости во хотелот можат да користат сауна. Вечера. Ноќевање.

Трети ден: 12.10.2024 (сабота)- Рованиеми

 

Појадок. Не` очекува ден со многу возбудувања. Ден во кој ќе ги откриеме сите скриени убавини на Рованеми. Заминуваме на организиран разглед на околината на Рованиеми со локален автобус. Ќе ја посетиме највисоката точка на Рованиеми, ќе видиме и фотографираме прекрасни пејзажи, ќе ги откриеме омилените места на локалните жители, ќе уживаме во Лапонски пикник… Во попладневните часови се враќаме во хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки во градот. Вечера во ресторанот на хотелот. Потоа следува неверојатната авантура-заминуваме во потрага по природниот феномен поларна светлина. Ги напуштаме градските светла и со автобус се упатуваме кон темната и мирна природа, на место од каде што поларната светлина може најубаво да се набљудува. Таму, покрај логорскиот оган ќе ги слушнеме најинтересните приказни за овој феномен. Aurora Borealis е нешто што фасцинира многу луѓе од целиот свет кои доаѓаат тука за да уживаат во магијата што се создава од волшебниот спектакл на поларната светлина над Арктикот. Дури и да немаме среќа да ја видиме бидејќи нејзиното појавување зависи од временските услови, неколку часа ќе уживаме во оваа несекојдневна вечер. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 13.10.2024 (недела)- Рованиеми-Хелсинки

 

Појадок. Се одјавуваме од собите и го оставаме багажот во хотелот. Пред заминување од земјата на Дедо Мраз, грев е да не уживаме во магијата на овој старец кој сме го сонувале како деца, сме го чекале да се појави под елката, замислувајќи го како лета на санките преполни со подароци влечени од ирваси. И да, никогаш не сме успеале да го видиме, бидејќи како по правило тој секогаш ги остава подароците кога ние спиеме. Но најпрво ги посетуваме миленичињата на Дедо Мраз во фармите со ирваси и хаски. Можноста да ги погалиме и да се фотографираме со овие животни од арктичката дивина ги зголемува уште повеќе нашата возбуда и љубопитство. И за крај на магијата, се упатуваме кон селото на Дедо Мраз, во кое тој живее заедно со своите помошници кои работат во текот на целата година за да можат сите деца да ги добијат своите подароци за Божиќ. Дедо Мраз ќе имаме можност да го запознаеме во неговата канцеларија. Дури и да не верувате во Дедо Мраз, сепак по оваа средба можеби ќе ја смените својата одлука… И ќе поверувате! Слободно време за прошетка низ селото, а потоа се упатуваме кон главната пошта на Дедо Мраз каде можете да напишете и испратете честитки до Вашите пријатели ширум  светот кои ќе го имаат на себе специјалниот поштенски печат на Арктичкиот круг. И тука е крајот на приказната. Се враќаме во хотелот по багажот и заминуваме кон железничката станица од каде во 17.45 часот го започнуваме нашето патување кон дома. Ноќевање во возот во кој сите патници се сместени во двокреветни кабини за спиење.

 

 

Петти ден: 14.10.2024 (понеделник)- Хелсинки-Истанбул-Скопје

 

Пристинување на железничката станица во Хелсинки во 06:27 минути. Од таму се упатуваме кон аеродромот од каде во 12.30 часот полетуваме кон Истанбул. Во 16.20 часот по локално време слетуваме во Истанбул, а во 19.00 часот полетуваме кон Скопје. На аеродромот во Скопје пристигнуваме во понеделник во 19.30 часот.

 

 

Промотивна цена за уплата до 10.06.2024…….. 1290 евра (79.980 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………1390 евра (86.180 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени  следните услуги:

 

• Авионски билет: Скопје-Истанбул-Хелсинки-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Билет за воз: Хелсинки-РованиемиХелсинки  (сместување во двокреветни кабини за спиење)

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 2 ноќевања со појадок и вечера во хотелотAakenus“ 3* во Рованиеми

• Влезница во Музејот во Рованиеми

• Организиран разглед на околината на Рованиеми со локален автобуски превоз и пикник

• Потрага по поларната светлина со вклучен превоз и пикник

• Влезница во Фармите за ирваси и хаски со вклучен превоз

• Посета на селото на Дедо Мраз со вклучен превоз

• Лиценциран туристички водич на српски јазик за време на целото патување

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

• Доплата за еднокреветна соба – 60 евра

• Доплата за еднокреветна кабина во возот – 140 евра

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 400 евра (24.800 денари) најдоцна до 10.06.2024. Целосна доплата на аранжманот до 05.09.2024. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници