ВИЛА BISERA - Полихроно -ск - ЛЕТО 2024
Полихроно е убаво туристичко место на полуостровот Халкидики опкружено со бујна вегетација и долга песочна плажа. Се наоѓа на околу 100 км југоисточно од Солун. Прекрасната песочна плажа природната убавина, срдечноста и гостопримливоста на домаќините, добро организираната инфраструктура на хотели, маркети, пекари, таверни, ресторани, кафичи, пицерии се гаранција за пријатен и незаборавен одмор.
ВИЛА БИСЕРА – ПОЛИХРОНО
Villa Bisera е нов објект лоциран непосредно до еден од влезовите во Полихроно. Оддалеченоста од околу 70м до главната улица која минува крај црквите во Полихроно, како и дополнителните 300м до градската плажа, ја карактеризираат вилата како одличен избор за престој во Полихроно. Овој целосно реновиран објект со квалитетен мебел и инвентар, од минатата година се вброи меѓу најубавите објекти за приватно сместување во ова познатото туристичко летувалиште. Во својот состав објектот располага со повеќе студија и апартмани, распоредени во приземје и трите ката на зградата. Студијата освен со мини кујна опремени се и со дупли и помошен лежај на отварање, кој е соодветен за сместување на дете како трето лице. Апартманите пак имаат посебна спална соба во која се наоѓа дуплиот лежај и дневна соба во која освен одлично опремена кујна има и кауч со фиока (душек) на отварање. Во собата е можно сместување уште на две возрасни лица. Во сите единици од објектот, кујните се комплетно опремени, а креветите и душеците за престој се со хотелски квалитет. Во студијата, како и во апартманите (во двете простории) се инсталирани клима уреди чие користење е бесплатно. Во објектот е овозможено и користење на WiFi интернет. Паркингот е можен на улиците во неговата близина.
- Цените се дадени за наем на студио/ апартман на 7 ноќeвања
- Доплата за превоз 45 евра за возрасен, 35 евра за дете до 12 години
-20% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТИ ДО 31.12.2023
СМЕНА | ПЕРИОД | СТД ½+1 | АПП ½+1+1 без тераса | АПП ½+1+1 | АПП ½+1+1 страничен кон море | АПП1/2+1+1
Поглед море |
1 | 26.05-02.06 | 146 | 159 | 177 | 194 | 207 |
2 | 02.06-09.06 | 186 | 203 | 226 | 250 | 266 |
3 | 09.06-16.06 | 222 | 242 | 269 | 297 | 317 |
4 | 16.06-23.06 | 264 | 288 | 321 | 355 | 379 |
5 | 23.06-30.06 | 289 | 316 | 352 | 389 | 415 |
6 | 30.06-07.07 | 317 | 346 | 387 | 427 | 456 |
7 | 07.07-14.07 | 348 | 380 | 424 | 469 | 500 |
8 | 14.07-21.07 | 381 | 416 | 465 | 514 | 549 |
9 | 21.07-28.07 | 419 | 457 | 511 | 565 | 603 |
10 | 28.07-04.08 | 459 | 502 | 561 | 620 | 663 |
11 | 04.08-11.08 | 459 | 502 | 561 | 620 | 663 |
12 | 11.08-18.08 | 459 | 502 | 561 | 620 | 663 |
13 | 18.08-25.08 | 438 | 478 | 535 | 591 | 632 |
14 | 25.08-01.09 | 399 | 436 | 487 | 538 | 575 |
15 | 01.09-08.09 | 364 | 397 | 444 | 490 | 524 |
16 | 08.09-15.09 | 332 | 362 | 404 | 447 | 477 |
17 | 15.09-22.09 | 278 | 303 | 339 | 374 | 399 |
18 | 22.09-29.09 | 216 | 236 | 263 | 290 | 310 |
Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1парче рачен багаж.
Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 06:00 ч. (паркинг сц Борис Трајковски)
– Велес, во 06:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 07:00 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во 07:30 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во 08:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.
Туристичка такса се плаќа на лице место
За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,
Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат
Попустот важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)
НАПОМЕНА
Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот,ТА Пикник травел не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
SIMILAR OFFERS
-
1 КРАК - КАСАНДРА
ВИЛА SPANOS – Полихроно – атк – ЛЕТО 2025
-
Лето 2024 вкупно
АПАРТМАНИ ЛИЦА – Полихроно – ЧЕТВРТОК – стб – ЛЕТО 2024
-
Лето 2024 вкупно
ВИЛА АЛЕКС 2 – Полихроно – стб – ЛЕТО 2024