Шпанија Лето 2022 - 13дена
Пакет аранжман со АВТОБУС
Термини: 10 Јуни , 01 Јули, 24 Август, 08 Септември 2022
ПРОГРАМА:
1 ден СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА:
Состанок на групата во 12.00ч. Поаѓање во 12.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден ВЕНЕЦИЈА – ВЕНЕТО Регија:
Пристигнување во утринските часови. Со брод одиме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, Каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат легендарните гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки.
Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЛОРЕТ ДЕ МАР:
Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Прошетка низ центарот на стариод град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија, куќата на Ромео, црквата Санта Марија. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.
4– 10 ден ЛОРЕТ ДЕ МАР
Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч.Слободно попладне.
Престој на база 6 ноќевања со појадок или 6 полупансиони.
За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, BARCELONA BY NIGHT & DISCO OPIUM, AQUARIUM, NOU CAMP, FIGUERAS – MUSEUM DALI,FLAMENCO SHOW, дискотеки во Љорет де Мар…
10 ден ЛОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.
11 ден АЗУРЕН БРЕГ : Кан – Ез – Монако и Монте Карло – Ница
Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со посета на Кан, – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели, стариот град Сике со својата тврдина и готска црква. Продолжуваме кон Монако Прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океаногравскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички… со автобус продолжуваме кон Монте Карло покрај пристаништето на Монако, се движиме по патеката на Формула Пристигнуваме во МОНТЕ КАРЛО за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и прочуени Казина. Се упатуваме кон Ница со попатна посета на најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Можност да купите парфеми по фабрички цени. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно попладне. Ве носиме на вечерна прошетка низ Ница: Авенијата Жан Медисен, плоштадот Масена, старата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, палатата Ласкарнис. Ноќевање.
12. ден АЗУРЕН БРЕГ – СЕНТ ТРОПЕ:
Појадок. По појадокот го ставаме багажот во автобус. Слободен ден за индивидуални прошетки.
Ние ви предлагаме прекрасен целодневен излет до најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и познати кафиќи (Senequer) каде вообичаено се пие утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien. Предлагаме да ја посетите познатата песочна плажа Pamplona на Сент Тропе со многу Beach барови. Слободно време за капење во тиркизното море.
АЗУРЕН БРЕГ – СКОПЈЕ: Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Белград со попатни паузи за одмор.
13. ДЕН. СКОПЈЕ: Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА: Според дадената табела
Цената на аранжманот вклучува:
• Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео
- 6 Ноќевања со појадок или 6 Полупансиона според табелата во одбран хотел во Лорет де Мар
- 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* на Азурен брег (Ница/Кан)
- 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во регија Венето
- Посета на Верона
- Разглред на Ница
• Сместување во дво/тро/четворокреветни соби, според табелата
• Организација и туристички придружник на патувањето
Цената на аранжманот НЕ вклучува:
- Задолжително патничко осигурување: 420 денари (задолжително се плаќа во агенција)
- Туристичка такса за хотели на Азурниот брег и Италија: 5 € (задолжително се плаќа во агенција)
- Туристичка такса за хотели Шпанија: 0,75 €/ден хотел со 3* / 1,25 €/ден хотел со 4* (се плаќа на лице место)
- Девизен дел, сервис на локалната Шпанска агенција: 25 € по лице ( се плаќа на водичот на групата )
- Посета на Монако и Монте карло 20€
• Доплата за еднокреветна соба: 50% плус од цената, (задолжителна резервација и плаќање во агенција).
- Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.
ALEGRIA FENALS MAR |
|
Јуни | Јули | Јули | Август | СЕПТЕМВРИ | |
3* Superior | 10 | 1 | 15 | 24 | 8 | ||
по лице во 1/2 соба | НП | 409 | 475 | 579 | 479 | 399*/ 479 | |
Трето лице во 1/2+1 соба | НП | 395 | 455 | 499 | 469 | 389*/ 459 | |
1-во дете 2-12 г. | НП | 329 | 359 | 419 | 389 | 359*/ 419 | |
Доплати: | 6 Полупансиона: возрасни:35, деца:20 | ||||||
ПРОМО: ГРАТИС Полупансион во Шпанија за термин 08.09. за уплати до 15.07. | |||||||
ALEGRIA |
|
Јуни | Јули | Јули | Август | СЕПТЕМВРИ | |
SUN VILLAGE 4* | 10 | 1 | 15 | 24 | 8 | ||
по лице во 1/2 соба | НП | 439 | 509 | 549*/599 | 499 | 459*/ 499 | |
Трето лице во 1/2+1 соба | НП | 425 | 489 | 489*/539 | 489 | 439*/ 479 | |
1-во дете 2-12 г. | НП | 355 | 385 | 399*/429 | 399 | 379*/ 399 | |
2-ро дете 2-12 г. (на барање) | НП | 355 | 385 | 399*/429 | 399 | 379*/ 399 | |
Доплати: | 6 Полупансиона: возрасни: 50, деца: 25 | ||||||
ПРОМО: ГРАТИС Полупансион во Шпанија за термин 08.09. за уплати до 15.07. | |||||||
НАПОМЕНА : Цените со ( * ) за 08.09.2022, важат за уплaти до 15.07.2022 | |||||||
VILLA GARBI 3* | Јуни | Јули | Јули | Август | Септември | ||
10 | 1 | 15 | 24 | 8 | |||
по лице во 1/2 соба | НП | 439 | 525 | 539 | 489 | 419 | |
Трето/Четврто, лице во 1/3-4 | НП | 429 | 515 | 499 | 479 | 399 | |
1-во дете 5-12 г. | НП | 389 | 455 | 459 | 425 | 365 | |
2-ро дете 5-12 г. | НП | 339 | 385 | 389 | 365 | 325 | |
Доплати: | 6 Полупансиона: возрасни:35, деца:20 | ||||||
COPACABANA 3* | Јуни | Јули | Јули | Август | Септември | ||
10 | 1 | 15 | 24 | 8 | |||
по лице во 1/2 соба | НП | 499 | 599 | 599 | 499 | 399 | |
Трето лице во 1/2+1 соба | НП | 479 | 569 | 569 | 479 | 379 | |
1-во дете 2-12 г. | НП | 269 | 269 | 269 | 269 | 269 | |
2-ро дете 2-12 г. | НП | 369 | 419 | 419 | 369 | 329 | |
Доплати: 6 Полупансиона: возрасни 45, 2 ро дете: 25, прво дете free | |||||||
GRAND DON JUAN | Јуни | Јули | Јули | Август | Септември | ||
RESORT 4* | 10 | 1 | 15 | 24 | 8 | ||
по лице во 1/2 соба | НП | 449 | 519 | 559 | 549 | 439 | |
Трето лице во 1/2+1 соба | НП | 429 | 499 | 525 | 535 | 430 | |
1-во дете 2-12 г. | НП | 345 | 375 | 399 | 395 | 340 | |
2-ро дете 2-12 г. (на барање) | НП | 345 | 375 | 399 | 395 | 340 | |
Доплати: | 6 Полупансиона: возрасни:50, деца:25 | ||||||
MARIA DEL MAR 4* | Јуни | Јули | Јули | Август | Септември | ||
10 | 1 | 15 | 24 | 8 | |||
по лице во 1/2 соба | НП | 479 | 595 | 599 | 585 | 510 | |
Трето лице во 1/2+1 соба | НП | 459 | 579 | 559 | 569 | 495 | |
1-во дете 2-13 г. | НП | 269 | 269 | 269 | 269 | 269 | |
Доплати: | 6 Полупансиона: возрасни:40, 1во дете:FREE | ||||||
PLAZA PARIS 4* | Јуни | Јули | Јули | Август | Септември | ||
10 | 1 | 15 | 24 | 8 | |||
по лице во 1/2 соба | НП | 489 | 589 | 599 | 489 | 469 | |
Трето лице во 1/2+1 соба | НП | 459 | 555 | 499 | 459 | 444 | |
1-во дете 2-12 г. | НП | 365 | 415 | 429 | 365 | 355 | |
2-ро дете 2-12 г. (на барање) | НП | 365 | 415 | 429 | 365 | 355 | |
Доплати: | 6 Полупансиона: возрасни: 60, деца:30 |
ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА МЕСТА ВО СЕКОЈА СМЕНА !
НАПОМЕНИ:
- Задолжителна АКОНТАЦИЈА при пријавување: 30%од вредноста на аранжманот.
- Останатиот износ се плаќа најдоцна 14 ден пред поаѓање.
- Плаќање во денарска противвредност 1€ (евро) = 62 денари
- За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица
- Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната
- КОВИД 19 Протокол: Агенцијата континуирано ги следи протоколите за влез во земјите од програмата. За истите ги известува сите заитересирани патници.
- НП – Ноќевање со појадок
- Полупансион – (појадок + вечера)
Пријатен летен одмор Ви посакува екипата на ПИКНИК ТРАВЕЛ Скопје.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Нови Сад и Белград за 8ми март – ГТ
-
Uncategorized
Јастребац за 8ми март – ГТ
-
Uncategorized
8ми Март во Херцег Нови и Требиње – АТКК –
-
Uncategorized
ХОТЕЛ „JENNY 3*“ – Сивири – тур – ЛЕТО 2024